30 Април, 2025
0.0499

Радев по осум години подготвен да ја посети Македонија

Објавено во: Балкан 13 Септември, 2024 10:50

Добивај вести на Viber

Бугарскиот претседател Румен Радев по осум години би можел повторно да ја посети Македонија, рече тој пред бугарските медиуми пред средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

-Очекувам дека изразената желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Сиљановска Давкова ќе остане како доследна политика на владата на Северна Македонија. Ние строго ќе го следиме протоколот. Време е и за мојата официјална посета на Република Северна Македонија, посочи Радев.

На прашање дали веќе има таква покана, Радев одговори дека во врска со ова прашање ќе се разговара со претседателката на Северна Македонија.  Последен пат тој беше во Македонија во 2018 во дводневна посета.

Тој додаде дека треба да се засили економската соработка и дека очекува Скопје да ги исполни сите свои обврски.

Според Радев, Владата на Северна Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика. 

- Владата на Република Северна Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика. Потребно е да се вратиме во реалноста, Нашите односи ќе зависат од склучените договори, изјави Радев.

Сиљановска Давкова денеска (13.09.2024) ќе биде во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џузепе Верди, во изведба на Националната опера и балет на нашата земја. Во рамки на посетата, Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Во македонската делегација ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. 

Официјална потврда за средба на двата претседатели, стигна и од нивните кабинети. Посетата е дел од зајакнување на културната дипломатија меѓу двете земји, при што се истакнува значењето на културната размена како мост во меѓународните односи, се вели во соопштението на кабинетиот на Силјановска Давкова.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се затегнати веќе подолго време поради блокадата што нѝ ја наметна соседната земја на евроинтеграцискиот пат. Сиљановска и Радев беа на 24 мај во Рим на чествувањето на споменот на „Свети Кирил и Методиј“ но тогаш немаа средба иако македонската страна ја очекуваше.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ПУТИН: Бугарска „Преродба“ потпиша договор со „Единствена Русија“

ЌЕ СОРАБОТУВААТ СО ПУТИН: Бугарска „Преродба“ потпиша договор со „Единствена Русија“

КОС: Aко Вучиќ замине во Москва, тоа ќе има последици на членството на Србија во ЕУ

КОС: Aко Вучиќ замине во Москва, тоа ќе има последици на членството на Србија во ЕУ

ВЕЛОСИПЕД ЗА ДЕЦА ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - поради безбедносен ризик

ВЕЛОСИПЕД ЗА ДЕЦА ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - поради безбедносен ризик

ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ СОПРУГА И ДВЕ ДЕЦА: Загина српски воен падобранец

ЗАД СЕБЕ ОСТАВИ СОПРУГА И ДВЕ ДЕЦА: Загина српски воен падобранец

ИЗЈАВА НА ДОДИК ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ: Ги повика Бошњаците да се вратат во прославната вера

ИЗЈАВА НА ДОДИК ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ: Ги повика Бошњаците да се вратат во прославната вера

БОСАНСКИ ДОКТОР ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕ ЗОШТО СЕ ПОЈАВИ ЕПИДЕМИЈА НА КАРЦИНОМ: Подобро да фрлеа атомска бомба меѓу луѓето, отколку тој вирус

БОСАНСКИ ДОКТОР ТВРДИ ДЕКА ЗНАЕ ЗОШТО СЕ ПОЈАВИ ЕПИДЕМИЈА НА КАРЦИНОМ: Подобро да фрлеа атомска бомба меѓу луѓето, отколку тој вирус

ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

ЈОТОВА СЕ ЛУТИ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: Проблемот се преговорите со Македонија

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА СВАДБА ВО СПЛИТ: Причина е пиротехника

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА СВАДБА ВО СПЛИТ: Причина е пиротехника

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Објави со каков специјалитет го пречекал синот на Трамп

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Објави со каков специјалитет го пречекал синот на Трамп