29 Март, 2024
0.0311

Работните активности на булеварот „Александар Македонски“: Протокот на возила е овозможен само на една коловозна лента

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Во текот на денешниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински направи увид на работните активности во изведба на екипите на претпријатието за отстранување на дефектот на водоводна цевка ф-600 на бул. Александар Македонски, кај Кремисимо, информираат од јавното претпријатие.

За поголема ефикасност во изведбата на работните активности, две коловозни ленти на булеварот се затворени. Протокот на возила е овозможен само на една коловозна лента.

Појаснуваат дека врз основа на планот за работа, не се очекува прекин во водоснабдувањето. Но во случај да дојде до непредвидени проблеми, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на општина Гази Баба, Автокоманда, Ченто, Сингелич, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподрум и хотел Белви.

-Одлуката да се изведат овие работни активности денес, е токму заради местоположбата и затвoрањето на дел од булеварот. Екипите на Водовод и канализација - Скопје, ќе бидат на терен до целосно отстранување на дефектот и ставање во употреба на водоводната мрежа за граѓаните, велат од ЈП Водовод и канализација. 

Оттаму посебно нагласуваат дека со отстранување на овој дефект водоводната мрежа ќе биде ставена во употреба за граѓаните, во тој дел на градот, без понатамошни потешкотии и застои во водоснабдувањето.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница