23 Април, 2024
0.0269

Со фотоволтаици и колектори ќе работат само обучени и сертифицирани инженери

Објавено во: Економија 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Само сертифицирани градежни работници за вештини за енергетска ефикасност во иднина ќе можат да работат со обновливи извори на енергија. Од Здружението на енергетика при Стопанската комора на Македонија велат дека прокативно се дејствува на темата за обучени работници во областа на обновливи ивори на енергија.

„На некој начин во однос на фотоволтаици дејствуваме проактивно, обуките коишто ќе се направат да ги имаме како бенефит но и истите да бидат на еден начин обврзувачки“, истакна на денешената прес конференција Ристо Јаневски, претседател на Здружението на енергетика при Стопанската Комора на Македонија.

Тој потенцираше дека на Македонскиот енергетски форум претставникот на европската заедница истакнал дека во иднина евроспките пари ќе бидат насочени кон обновливи извори на енергија.

„Во проектот Пазарно ориентирани вештини за одржливо енерегетски ефикасно градење, се опфатени 6 партнери, 5 од земјава и еден од странство. Проектот има за цел создавање на квалификувана работна сила во градежништвото, односно дополнително подобрување на вештините на градежните професиналци, зајакнување на мултидисциплинарниот пристап кон одржливо градење и демонстрирање на разликите во проектираните и актелните енергетски карактеристики на градбите, но и зголемување на пазарната вредност на работната сила која ја поминала обуката, односно препознавање на пазарната вредност на вештините на енергетски ефикасното градење“, рече Ристо Иванов, претседател на Здружението за бизнис консултации Креација, фирма која е партнер во проектот.

Во наредниов период ќе се обучуваат 20 инженери и 40 техничари за проектирање и изведба на фотоволтаици и сончеви топлински колектори преку проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ кој го финансира Европската унија, а се реализира од Стопанската комора.

Партнерите на проектот очекуваат на повикот за обука со вештини за енергетска ефикасност да се пријават работници кои имаат барем основно познавање во областа на енергетската ефикасност, архитекти, инженери и рабоници од градежниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска