РАБОТА ВО НОРВЕШКА: Да го имаат она што го имаме, би биле најбогати
Објавено во: Финансии 20 Март, 2018
Девојка од Хрватска анонимно за Слободна Далмација раскажува како е да се работи во Норвешка.
Вели дека имала многу причини зошто ја напуштила Хрватска, а тоа се долгови, секакви проблеми и неможноста да пронајде работа.
„Дојдов затоа што ми се укажа прилика, и ако некогаш беше вистинска прилика за авантура, тоа беше баш во тој момент, пред да основам семејство. Знаете нашите родители издвоиле многу за да се образуваме, да добиеме пристојна работа, и на крај ако сето тоа го работите за 2500 куни, тогаш тоа нема врска со она за што сте се бореле, а нема кој да ве поттурне, и затоа луѓето заминуваат. Овде работам по 8 часа дневно, истото што би го работела и дома, но за многу повеќе пари. Кога тргнав за Норвешка, пријателка ме праша дали не ми е тешко тоа што ќе морам да одам во странство и да чистам иако имам факултет, реков исто ми е, само ќе чистам за повеќе пари“- вели оваа Хрватка.
За Норвежаните вели дека го ценат она што го имаат и ги помагаат домашните произведувачи и трговијата.
„Да го имаат она што го имаме ние, би биле најбогати на светот“- додава девојката.
Својата приказна ја завршува со фактот дека Норвешка е една од најпосакуваните земји на светот.