25 Април, 2024
0.0290

Путин жестоко реагира на најавите за ограничување на цената на руската нафта

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Европа нема да запре со санкциите кон Русија. 

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен при нејзината денешна посета на Финска изјави дека Европската унија (ЕУ) го подготвува деветтиот пакет на санкции за Русија поради нејзината инвазија на Украина.

„Напорно работиме да ја удриме Русија каде најмногу боли и дополнително да ја ослабне нејзината способност за водење на војната во Украина. Денеска можам да објавам дека со полна пареа на деветтиот пакет на санкции“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата во Хелсинки.

Таа вели дека наскоро ќе одобрат глобално ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери. 

„Нема да застанеме додека Украина не го победи Путин во неговата илегална и варварска војна“, додаде претседателката на ЕК.

Таа не изнесе детали за мерките. Но, Русија остро реагира на овие најави. 

Рускиот претседател Владимир Путин предупредува на сериозни последици за глобалниот енергетски пазар доколку Западот воведе ограничување на цената на руската нафта. Путин имал телефонски разговор со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани и му честитал за преземањето на функцијата.

Тие разговараа и за обидите на Западот да ја ограничи цената на руската нафта. Според Путин, „таквите активности се спротивни на пазарните принципи и многу веројатно ќе резултираат со сериозни последици за глобалниот енергетски пазар“.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст