29 Март, 2024
0.0276

Путин паднал по скали во неговата резиденција - дали навистина е болен?

Објавено во: Свет 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин паднал по скалите во неговата официјална резиденција, пишува каналот Телеграм кој тврди дека има контакти со неговите телохранители, објави Дејли Мејл.

Седумдесетгодишниот руски лидер, чие здравје видно се влоши откако ја започна војната во Украина, доживеа пад во средата вечерта кога се лизна слегувајќи по скалите во неговиот дом во Москва, тврди каналот General SVR.

Во последната објава, каналот напиша дека Путин се сопнал и паднал на грб, по што паднал на страна и се лизнал неколку скалила.

„Инцидентот се случи пред телохранителите на претседателот, кои брзо реагираа и притрчаа на помош на Путин. Тројца безбедносни службеници му помогнаа на претседателот да дојде до најблискиот тросед и ги повикаа лекарите кои се на должност во резиденцијата“, пишува каналот. 

Се наведува дека медицинските лица „пристигнале за неколку минути, но не можеле веднаш да го прегледаат претседателот“. Објавено е дека имал проблеми со гастроинтестиналниот тракт, поради што веќе има сериозни проблеми со варењето.

„Пред прегледот, лекарите го придружуваа претседателот до бањата и помогнаа да се исчисти“, се додава понатаму во текстот. 

Од паѓањето тој имал модринки. Треба да се спроведе истрага за тоа што го предизвикало „падот“.

Носи специјални чевли, дури и дома, со анти-лизгачка обвивка, а скалите во резиденцијата се сметаат за „безбедни“.

И покрај извештаите, Путин беше снимен и сликан како ја обиколува лабораторијата во Москва следниот ден без очигледни знаци на повреда.

Шпекулациите за здравјето на Путин се појавија откако на 24 февруари тој нареди војници да ја нападнат Украина.

Тој изгледаше нестабилно за време на јавните појавувања, беше и необично нервозен со рацете и нозете на состаноците со други светски лидери.

При една средба со белорускиот претседател Александар Лукашенко на почетокот на војната, се виде дека неговата рака се тресе како очигледен знак на Паркинсонова болест.

Други слики покажаа дека тој цврсто се фаќа за работ на масата како да се обидува да ја задржи раката и да запре треперење.

Во меѓувреме, Оливер Стоун, режисер кој се сретна со Путин за документарен филм  исто така изјави дека мисли дека Путин имал рак, но го победил. Списанието New Lines тврдеше дека дошло до снимка на руски олигарх - кој тие не го именуваа  и кој вели дека Путин е „болен од рак на крвта“.

фото ЕPA

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?