29 Март, 2024
0.0258

Путин избра човек кој ќе го замени Медведев

Објавено во: Свет 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин го избра Михаил Мишустин(53)  за нов премиер на Русија, откако руската Влада на чело со премиерот Димитриј Медведев поднесе оставка.

Мишустин е актуелен претседател на Федералната даночна служба.

Предлогот е доставен до Државната дума.

Роден е на 3 март 1966 година, а дипломирал на Московскиот машински универзитет, каде завршил и постдипломски студии. Мишустин од 1998 година работи во руската Влада, а на чело на Сојузната даночна служба е од 2010 година.

Во 1989 година дипломирал на смерот за компјутерски дизајн, а во 1992 година на истиот институт ги завршил и докторските студии за економија.

Автор е на три книги за даночна администрација и 40 научни текстови.

По школувањето започнал да работи како директор на една испитна лабораторија, а подоцна го предводел и управниот одбор на Меѓународниот компјутерски клуб (ИЦЦ).

Во август 1998 година е поставен за заменик-шеф на Руската федерална даночна служба, а од март 1999 година до март 2004 година бил заменик-министер на Руската Федерација за даноци и давачки.

Во март 2008 година станал претседател на групата на претпријатија УФГ (UFG Asset Management) – една од најголемите компании која работи во Русија на полето на управување со имоти, приватен капитал и (заедно со „Дојче Банк“) на домашни инвестициски фондови.

Како што наведуваат руските медиуми, тој во јавноста станал познат по тоа што во 2002 година организирал подигнување на два кредити од Светската банка за купување на компјутерска опрема во вредност од 100 до 160 милиони американски долари, а во исто време, изградил луксузна куќа на автопатот Рублево-Упенски со голем спортски комплекс.

Медведев со сите членови на Владата поднесоа оставка по обраќањето на Путин, кој најави промени во Уставот и законот за Влада, со кои се зголемува одговорноста на Владата и влијанитео на Парламентот.

Путин му понуди на Медведев да биде заменик на претседателот на Советот за безбедност.

Медведев е премиер од 2012 година, додека мандатот на Путин истекува во 2024 година, по што тој би можел повторно да биде премиер.

фото Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?