ПУТИН И ШОЛЦ РАЗГОВАРАЛЕ ЕДЕН ЧАС: „Политиката ви е деструктивна“, предупредил Путин
Објавено во: Свет 02 Декември, 2022
Рускиот претседател Владимир Путин во едночасовниот трелефонски разговор со
германскиот канцелар Олаф Шолц дека насоката на Германија и Западот кон
Украина е „деструктивна“, соопшти Кремљ. Путин побарал од Берлин да го
преиспита својот пристап кон конфликтот што започна во февруари.
„Пренатрпувањето на Украина со оружје е деструктивна политика“, рекол рускиот лидер во разговор со Шолц.
Тој додаде дека истото може да се каже и за фактот дека западните земји, вклучително и Германија, обучуваат украински војници. Исто така, нагласил дека на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите за „терористичките“ напади на гасоводите „Северен тек“ под Балтичкото Море.
Германската влада потврди дека двајцата лидери разговарале. Шолц го повикал Путин да најде дипломатско решение за војната, „вклучувајќи го и повлекувањето на руските трупи“.
Телефонскиот разговор траел еден час.