Путин го одликуваше Ким Јонг Ун: Му додели орден за заслуга
Објавено во: Свет 05 Мај, 2020
Рускиот претседател Владимир Путин му додели орден на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Комеморативниот медал со кој Путин го одликуваше Ким е во знак на одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот. Во соопштението на амбасадата на Русија во Пјонгјанг се наведува дека со орденот Русија му оддава признание на Ким заради неговата улога во очувување на сеќавањето на советските војници кои загинале на територијата на Северна Кореја. Амбасадорот Александар Мекегор денеска го предаде орденот на севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Сонгвјон во Пјонгјанг, бидејќи Ким не присуствувал на церемонијата.
На фотографиите објавени од медиумите во Северна Кореја се гледа како руски и севернокорејски официјални лица присуствуваат на свечениот момент и покрај тоа што во земјата не е регистриран ниту еден случај на корона вирусот. Минатата година, официјална Москва го покани Ким на 9. мај да присуствува на воената парада со која ќе се одбележат 75-години од победата, но претседателот Путин ја одложи поради пандемијата на Ковид-19.