ПУТИН ГО ЧЕСТИТА ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК: Вели дека ќе ги постигне целите во Украина
Објавено во: Свет 30 Септември, 2024
Претседателот на Русија, Владимир Путин вели дека ќе ги постигне целите во Украина.
Тој денеска им го честиташе на граѓаните на Русија, Денот на обединувањето на Доњецката и Луганската народна република, регионите Херсон и Запорожје со Русија. Дури ја спомена и Новорусија.
„Се одмаздивме на неонацистичката диктатура , која сакаше да ги оттргне од нивната историска татковина, од Русија“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
На крајот на септември 2022 година, беа одржани референдуми во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, регионите Керсон и Запорожје во Украина.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украина не сака да отстапи територија за мир со Русија.