25 Април, 2024
0.0266

Путин: Да, ги напаѓаме украинските електрани. Но, кој почна прв?

Објавено во: Свет 08 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војската ќе продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина и покрај бранот глобални критики поради нападите кои оставија милиони луѓе без струја и вода на почетокот на зимата.

– Има многу врева за нашите удари врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Да, го правиме тоа. Но кој почна прв?, рече Путин на церемонија на доделување награди што се одржа денеска во Кремљ.

– Критиките нема да ги попречат нашите борбени мисии, додаде рускиот претседател.

Тој ги опиша нападите врз енергетската инфраструктура на Украина како одговор на експлозијата на мостот на Крим и други напади, обвинувајќи го Киев за кревање во воздух на далноводните кабли од нуклеарната централа Курск, но и за прекин на водоснабдувањето во Доњецк.

– Прекинувањето на водоснабдувањето на град со повеќе од милион жители е чин на геноцид, рече Путин, обвинувајќи го Западот за „тотален молк“ по ова прашање.

– Штом преземеме акција и направиме нешто како одговор, веднаш се крева врева, изјави рускиот претседател.

Голем број западни функционери ги нарекоа руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина воено злосторство. 

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница