08 Декември, 2024
0.0265

ПУТИН БРЗА ДА ГО ВРАТИ КУРСК: Кој дел од планот на Трамп не му одговара?

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Сојузниците на НАТО веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се надева дека ќе ја врати територијата изгубена од Украина пред инаугурацијата на aмериканскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.

Идејата за демилитаризирана зона меѓу Русија и Украина како дел од наводниот мировен план на САД е неприфатлива за Русија, пишува хрватски Индекс. Причината е што од украинската страна на фронтот би патролирале европски војници.

Европските трупи, како што наведува медиумот, би патролирале на околу 80 отсто од територијата на Украина, а тоа фактички би значело дека Украина неформално би била дел од НАТО. Ова е спротивно со целите за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина за кои се залага Москва.

Наводниот мировен план на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го објави „Волстрит Џурнал“, а беше исмеан од Кремљ како „план на Волстрит Џурнал“. Во написот се вели дека блиските советници на Трамп му сугерирале демилитаризирана зона од барем 1.200 километри и условена помош за Украина во замена земјата да остане надвор од НАТО во следните 20 години.

Британски „Телеграф“ пишува дека Путин со 50.000 војници, меѓу кои и севернокорејски трупи, брза да ги врати териториите од регионот Курск кои ги освои Украина.

Според украинскиот главен командант Олександар Сирски големата руска офанзива веќе почнала.

Според аналитичарот Мајк Војгер, Трамп ќе бара „мир заради мирот“ во Украина и  подготвен да изврши притисок за прекин на огнот на штета на Украина.

„Фајненшл тајмс“ објави дека Трамп изразил интерес за две од петте точки од „Планот за победа“ за време на средбата со Зеленски во септември во Њујорк. Двата предлози биле дизајнирани со идејата дека Трамп може да стане американски претседател и да ја сопре воената поддршка за Киев.

Првиот предлог предвидува да се заменат дел од американските војници стационирани во Европа со украински сили по војната. Другиот предлог предвидува Украина да ги сподели своите клучни природни ресурси со Западот.

Одделно, деловните лидери во Украина, исто така, преговараат со украинската влада за да му понудат на Трамп овластувања за „инвестициска проверка“, што ќе му овозможи практично да избере кој може да работи во Украина.

Според информациите од Генералштабот на вооружените сили на Украина, московските сили во изминатиот ден загубиле 1.950 војници Путин сака да ја врати територијата во Курск што ја држи Украина. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост