ПУКАЊЕ ВО КОСОВО: Рането момче од српска националност
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2019
Престрелка имаше во северно Косово, при што е рането 22-годишно момче.
Машко лице од српска националност, на 22-годишна возраст, е рането од огнено оружје во престрелка што се случила синоќа околу полноќ во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лицето со иницијали Р. М. е оперирано на клиниката за хирургија во митровичката болница и е во стабилна состојба.
Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти го потврди инцидентот и информира дека полициска екипа извршила увид на местото на настанот. Нема информации за сторителите и мотивите кои довеле до инцидентот.
Инаку денеска има вонредни избори во северно Косово. Граѓаните на четири општини во северниот дел на Косово, каде што живее мнозинско српско население, избираат градоначалници.