Пукаат бомби од ривалите: Нова аудио снимка за Заеви
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020
Нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на СВ Инвест, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во Рек Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот, објави Инфомакс.
Од аудио бомбата според порталот Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа воедно се фали и дека Трајче Заев, братучед на Вице Заев дава црвени картони кој да се занимава со бизнис, а кој не.
Бомбите се објавени на каналот Vice Mafiozo.
Тушникот: Добро бе брат слушај сега. Имам една стратегија, со Рашо бев во Струмица. И само мукажав, со Вицето (Заев) ќе се видам вторник или среда. Има тука многу 5 или 6души кои хаос прават. Ме разбираш. Почнаа да се закануват. Јас си направив моја екипа, затоа не сакам да ме гледаат лево десно, утре да не дојде нешто со мене да не спојат неќам. Сфаќаш?
Стојче Чифлигароски: Така, така
Тушникот: Сега јас тие морам да ги средам, сфаќаш. На тој Чаки ќе му се запали колата овие денови. Многу јапретера, многу.
Стојче Чифлигароски: Кој?
Тушникот: Чаки едно дете го викаме тука, од ВМРО е тој така главен му е таму. Ќе го потиснам јас убаво, се слуша меѓудругото во разговорите.