Пучот во Судан однесе тројца луѓе во смрт, а над 80 се повредени
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2021
Во пучот во Судан, има најмалку 3 мртви и повеќе од 80 повредени луѓе.
Тие настрадаа или се ранети во судирите меѓу цивилите и војската. Лидерот на пучот Абдел Фатах Бурхан изјави дека акцијата е направена како резултат на внатрешно-политички борби, нагласувајќи дека немирите низ кои поминува земјата ја загрозуваат иднината на народот. Пучот го осудија западните држави, додека САД, наводно, суспендирале повеќе од 700 милиони долари наменети за помош за Судан. Лидерот на војската и владејачкиот Воен совет на Судан, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан, соопштил дека премиерот Абдалу Хамдок, поради безбедносни причини, го држи во својот дом. Ал-Бурхан на новинарите во Картум денеска им соопштил дека војската го сместила Хамдок во неговата куќа за да го чува откако добил смртни закани, јавува "Анадолија".