29 Март, 2024
0.0265

ПРВО ИМ ПОРАЧА НА СОГРАЃАНИТЕ ДА ИЗДРЖАТ ДОМА, ПОТОА ЗАМИНА ЗА БЕРОВО - генералниот секретар на СДСМ со збунувачки пораки

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Завчера од својот службен фејсбук профил ги советуваше граѓаните да останат дома за време на овој долг карантински викенд, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, но еден ден потоа, вчера, од приватниот профил ги поздрави со слика од Беровското езеро, каде што тој ги минува карантинските денови. 

Генералниот секретар на СДСМ ја збуни јавноста, откако на 4 јуни ги повика да останат дома, но веднаш потоа тој замина на викенд, во Берово, каде што не важи тридневниот полициски час.

Некои граѓани сметаат дека ова е малку непрмерен гест, од една страна да се повикуваат граѓаните да бидат трпеливи во карантинот, додека тој избега однего, и не остана дома како што порачуваше до поширокото граѓанство.

Еве што напиша Николовски на 4 јуни во 14.07 часот.

„Вирусот КОВИД-19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана. На тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки - во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата.

Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, порача Николовски.

Затоа, пак, вчера околу 11 часот, од својот приватен профил пушти слика со една желка, на Беровското езеро. Таму стои следниов пост и оваа слика. 

„Совет од другарка ми - Оди напред. Полека, но сигурно! 
Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро!“, пишува генсекот на најголемата владејачка партија.

Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата