24 Април, 2024
0.0276

Првиот ден од Skopje Street Music Festival ги оправда очекувањата

Објавено во: Мои пари, Стил 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Со настапот на џез формацијата Kabadayas, вчера вечер на плоштад Македонија беше отворено првото издание на Skopje Street Music Festival. Создавајќи една посебна приказна, звуците од песните од нивниот втор албум, се разлеаја низ отворениот простор. Како што изјавија самите, овој настап за нив бил посебен предизвик, затоа што во публика имаше и млади и стари, од оние кои ја следат и сакаат нивната музика, до туристи и случајни минувачи, пред кои се претставуваат по прв пат.

По нив, на истата локација, настапија „South Park the Band“ и Why Not, со изведба на обработки на познати рок, поп и фанк песни.

„Првиот ден ни покажа дека идејата и концептот на фестивалот се полн погодок “- вели Елена Јовановски, координатор на фестивалот. “Отворениот простор и непосредниот контакт на изведувачите и публиката направија една посебна атмосфера и овозможија секој на свој начин да ужива во музиката“- додава таа.

На другата локација во Дебар маало, пак се изведуваше сосема различна музика. Посетителите, случајни и намерни, тука уживаа во звуците на старите македонски народни песни, испеани од членките на женскиот камерен хор Св. Злата Мегленска и во изведбата на етно- составот „Монистра“. И тие не ја криеја возбудата од можноста да настапат на отворен простор, пред домашна публика.

„Како што е дома, никаде на светот не е! Така ни е и на нас. Без разлика колку и да ни се убави концертите и прошетките надвор од нашите граници, секогаш е најубаво чувството кога сме на своја територија, пред своја публика“- велат членовите на Монистра.

Целта  на Skopje Street Music Festival е на граѓаните да им овозможи на улиците и во своите маала да слушнат квалитетна музика, која инаку ја има само на официјалните сцени и во концертните сали. Со тоа, градот Скопје да го претвори во музичка сцена под отворено небо. Во таа насока, за денеска закажани се настапи на уште три локации: паркот кај авиончето, во Аеродром, платото пред Универзална сала и плоштад Скендер- Бег. На програмата се Антоние Весковски, Елена Чадиковска, гудачкиот квартет- Пламенка Трајковска, Band Off, Ani Kinor Quartet и Тони Пецанов на бандонеон.

Ко-организатор на фестивалот е Конгресен центар Александар Македонски, а покровител е Град Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот