20 Април, 2024
0.0272

Првиот човек на Заводот за статистика: Добиваме податоци кои се помали од реалната вредност затоа што нема попис

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Пописот во април ќе биде теренски, со комбинирано користење на податоци од регистри. Македонија не е подготвена уште да наместо со попис сите релевантни податоци од државата да ги собира преку државните институции затоа што тие не се комплетно функционални. Таков систем прво вовела Данска но бил прифатен и во Исланд, Италија, Финска, Холандија и Шведска. Во време кога имаме слаби државни регистри, ќе биде ли комплетен овој попис? Бизнис заедницата од поодамна бара итен попис. Закажан е за април догодина.

Првиот човек на Државниот завод за статистика вели дека потребата да се направи и итна,  бидејќи сите статистички истражувања се од истражувања од последниот попис кој пак беше во 2002 година.

„Самите излезни резултати кога се пресметуваат како одредени индикатори по жител, на пример БДП по жител, стапки на наталитет, морталитет итн., бидејќи немаме одамна попис, а проценките кои што ги правиме се врз основа на административни податоци и не покажуваат реална состојба на населението вистински, бидејќи недостасуваат миграциите, недостасува иселувањето во странство, што за жал, тешко или поточно невозможно е да се следи статистички и административно. И така ние фактички делиме со поголема маса на население одреден податок за да добиеме некаков индикатор, кој што во суштина е помал од она што е реалната вредност на тој индикатор,  вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика за Сител.

Бизнисот веќе од поодамна бара да се направи попис на населението. Со години се тврди дека тоа што немаме реална ситуација ја поткопува и економијата. 

„Пописот е важен бидејќи е подлога за секаков вид економска проекција. Од кога го немаме, прашање е дали тие проекции имаат реална основа, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан