ПРВИОТ ЧОВЕК НА ТАВ, САНИ ШЕНЕР: Ќе требаат уште еден до два месеци за да се воведе стандард за летање во сите земји, ја корегиравме веста за Германија
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021
Првиот човек на ТАВ, Сани Шенер, прашан зошто дојде првично до информација од ТАВ првично дека нашите граѓани и туристички ќе можат да патуваат за Германија, а потоа дека тоа нема се уште да биде возможно, но и кога македонските граѓани слободно ќе можат да летаат впо земјите од ЕУ, рече дека секоја земја има свои различни правила, како и дека ќе биде потребен еден до два месеци за да се воведе еден универзален стандард кој ќе важи за сите држави.
„Здравствените власти на секоја држава поединечно имаат различни правила и ги носат одлуките, а нив мора да ги почитува воздухопловната индустрија. Секоја држава сама одлучува како ќе се однесува, а тоа е зависно од тоа како ќе и наложат здравствените власти. Уште работиме со неколкуте меѓународни организации од областа на воздухопловниот сообраќај, на утврдување на сертификатот за вакцинација, но сепак се уште не сме дошле до некој конкретен стандард за да може да се водиме по него. Некои држави одлучуваат да бараат карантин за туристите што им пристигнуваат од 14 дена, други седум дена, некои бараат ПЦР тестови не постарои од 72 часа, или 48 часа, трети држави бараат две дози вакцини..., и сето ова доведе до недоразбирање на 12 јуни нашите пријатели од скопскиот Аеродром да објават вест што не беше точна, и ние се извинуваме за тоа, но самно што дознавме дека не е точна, таа грешка беше исправена, односно информацијата беше корегирана. Значи треба да почекаме од еден до два месеци за да се усвои некој конкретен стандард за да може да се патува слободно“, рече Шенер.
Н.Н.Ф.