28 Март, 2024
0.0267

ПРВИОТ ЧОВЕК НА КОМОРАТА, АЗЕСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ: Собранието да не ги кочи економските закони

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска, од работната средба со вицепрмеиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, упати апел до сите парламентарни партии, на денешната собраниска седница која се одржува по подолго време, да ги изгласаат економските закони.

Секое кочење на законите, напомена Азески, значи сериозен удар за стопанството и компаниите. Опозицијата и другите партии, порача, да имаат предвид дека за бизнисот е важен секој денар и секој ден, особено во ваква ситуација, како што е актуелната со КОВИД-от.

„За денеска е најавена седница на Собранието по подолго време на која треба да поминат некои закони. Сакам да упатам апел до сите парламентарни партии, да имаат предвид во каква ситуација се наоѓаме и да направат максимални напори економските закони да ги пропуштат. Иако има добра волја од страна на Владата, со кочењето се создаваат лоши импути врз економската позиција на компаниите. Опозицијата и другите партии да го имаат тоа предвид зашто секоја пара и секој ден ни се значјни во оваа ситуација во која се наоѓаме“, истакна Азески.

Според првиот човек на Стопанската комора, за компаниите и за бизнисот се особени битни закони кои Владата ги донела уште на крајот на минатата година и ги испратила до Собранието, како што се законските решенија за акцизата, за екстралесното масло за домаќинствата, како и други закони кои се однесуваат на стопанството, и поради чие неносење, се создаваат реперкусии на пазарот.

Според Азески, во моментов се клучни промената на Царинскиот законик, парафискалните давачки и прашањето за холдингот, кои десетина години беа табуа.

„Ние мандатот на оваа Влада го почнавме со лош резултат за нас и ние на секоја средба со Бесими го гледаме тој резултат. Од поднесените барања 50 отсто беа одбиени, а 10 отсто беа прифатени, но имаше појадок како утешна награда. Сега, на последната средба, немаше појадок, имаше само кисела вода, но барањата во однос на прифаќањето се 50:50“, рече Азески.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?