30 Мај, 2020
0.0355

Првата пациентка заразена со корона вирус: Требаше да се алармира порано

Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Март, 2020

Една од првите пациенти со коронавирус во Вухан,  рече дека „многу помалку луѓе би умреле“ ако кинеската влада порано преземела акција, рече таа во февруарското интервју за „Волстрит Журнал“.

Веи Гиксијан, 57-годишна продавачка на морска храна на пазарот Хуанан, беше меѓу првите 27 пациенти кои се заразиле со коронавирусот, што предизвикува респираторна болест позната како КОВИД-19.

Таа за прв пат започнала да ги покажува  симптомите на 10 декември минатата година, а била однесена во болницата „Унион“ во Вухан на лекување помалку од една недела подоцна. 

Се сеќава дека нејзината ќерка постојано ја проверувала и допирала, плашејќи се да не почине одеднаш. 

Другите продавачи од истиот пазар почнаа да се прегледуваат во болницата наскоро. Веи се опорави и ја напушти болницата во јануари. Таа рече дека верува оти ја заболила болеста преку комунален тоалет кој бил споделен со други луѓе на пазарот.

И покрај тоа што се зарази со болеста кон средината на декември, Светската здравствена организација за прв пат доби вести за коронавирусот на 31 декември. Лекарите кои лекувале рани пациенти со коронавирус биле присилени да молчат од кинеската влада“.

Кинеските власти оттогаш забранија отворени пазари - каде се продаваат живи и мртви животни, честопати во лоши санитарни услови - и трговија со живи животни по избувнувањето на епидемијата. 

Од 27 март, коронавирусот зарази повеќе од 597,000 низ целиот свет, а глобалниот број на смртни случаи надмина 27.000. Во Кина, од каде потекнува појавата на коронавирус, има скоро 82.000 заразени и 3.300 смртни случаи.

САД и Италија ја надминаа Кина со 104.661, односно 86.498 лица заразени.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен е полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

Уапсен е полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО 21 ГРАД: Италијанските лекари бараат реформи

(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО 21 ГРАД: Италијанските лекари бараат реформи

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МИНЕАПОЛИС: Демонстрантите бесни по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МИНЕАПОЛИС: Демонстрантите бесни по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

СЕ БЛИЖИ 2 ЈУНИ: Франција ќе излезе од изолација

СЕ БЛИЖИ 2 ЈУНИ: Франција ќе излезе од изолација

ИМА 111 ГОДИНИ: Чилеанка го победи коронавирусот

ИМА 111 ГОДИНИ: Чилеанка го победи коронавирусот

ВИРУСОТ СЕ ВРАТИ: Јужна Кореја сега има 11.344 заразени

ВИРУСОТ СЕ ВРАТИ: Јужна Кореја сега има 11.344 заразени

РАБОТНИЦИТЕ ПАЛЕА ГУМИ: Ги разгневи затворањето на фабриката на Нисан во Барселона

РАБОТНИЦИТЕ ПАЛЕА ГУМИ: Ги разгневи затворањето на фабриката на Нисан во Барселона

ТУРИЗМОТ ОДИ ВО ДРУГА НАСОКА: Oгромен пад, но и почеста посета на планини

ТУРИЗМОТ ОДИ ВО ДРУГА НАСОКА: Oгромен пад, но и почеста посета на планини

КИПАР: Владата ќе ги покрие трошоците за заболените од коронавирус

КИПАР: Владата ќе ги покрие трошоците за заболените од коронавирус