Прва земја во Европа: Словенија прогласи крај на епидемијата
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2020
На телефонска сесија, Владата на Словенија го прогласи крајот на епидемијата на коронавирус и со тоа стана првата земја во Европа што го стори тоа, откако Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот се смирило.
Националниот институт за јавно здравје проценува дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот се смирило, односно дека во последните 14 дена се регистрирани вкупно 35 нови случаи на заболување, повеќето од нив во старечки домови.
Граѓаните кои пристигнуваат во Словенија од други земји веќе не се должни да бидат во карантин седум дена. Со прогласување на крајот на епидемијата, престанува и помошта за малите бизниси и фабриките што престанале да работат.
И покрај тоа што е прогласен крајот на епидемијата на коронавирус, некои мерки остануваат на сила. Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија беше евидентиран на 4 март.
Епидемијата на коронавирус во Словенија е прогласена на 12 март. Запишани се 1.464 случаи на ковид 19, а починале 103 лица.