25 Април, 2024
0.0362

Прва македонска апликација Challenger и награди за „зелени“ километри за чист воздух

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Доаѓа зимата и повторно ќе дишеме позагаден воздух во Скопје, затоа треба да размислиме што можеме ние да направивме за тоа да се намали. Колку и да изгледа безнадежно, сепак група млади граѓани креираат прва македонска мобилна апликација наречена Challenger која ќе ви постави предизвик да пешачите и возите велосипед по локалните улици и да бидете наградени, а со тоа да не користите автомобил и да придонесете за намалување на загадувањето. 


„Ние сме Challenger, првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Факт е дека живееме во најзагадениот град во Европа. Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение - а не дел од проблемот. Со нас, секој поминат километар пешки или на велосипед - се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои ти носат попусти и награди. Challenger поставува и дневни, неделни и месечни предизвици. Дополнително сите се натпреваруваме и меѓусебно се мотивираме, а најважно од се создаваме и градиме од граѓаните за граѓаните подобро општество и животна средина„ велат од Challenger. 


Преку апликацијата Challenger можеш да станеш вистински СУПЕР ХЕРОЈ благодарение на твоите зелени километри, кои намалуваат стотици отпадни гасови во воздухот што сите го дишеме. 

„Сакаме нашите корисници и бизнис партнери да се вклучат кон заедничко градење на подобра заедница. Челинџер не е само апликација, туку е платформа за градење на заедница во која граѓаните и корпоративниот сектор меѓусебно се поддржуваат и инспирираат, со една заедничка цел - да придонесат за чист воздух а со тоа и здраво општество.“ додаваат од Challenger. 


Challenger апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, до тогаш креаторите на апликацијата упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат за да заедно сите да ги создаваме промените.

Младите ентузијасти Теодора, Олга, Стефан и Митко, Challenger, со својата бизнис идеја се едни од победниците на регионалниот натпревар Philanthropy for Green Ideas на кој, во конкуренција со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора се натпреваруваа и македонските национални победници на АРНО натпреварот за зелени бизнис идеи.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет