29 Март, 2024
0.0271

Пругата кон Бугарија преизборен адут на сите Влади

Објавено во: Анализа 11 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

Изградбата на пругата кон Бугарија повторно станува клучен адут во предизборието. Владата пред неколку дена најави дека овој проект ќе почне да се гради во февруари или март следната година, за кога се закажани и локалните избори. Според најавите од Министерството за транспорт и врски планирано е железничкото поврзување со Бугарија од македонска страна да заврши во 2022 година. Сепак и покрај бомбастично најавената изградба на железничкиот коридор 8, парите доправа ќе се бараат од меѓународните финансиски институции и банки, додека помал дел од неопходните средства кои се однесуваат на консултатнтските услуги се обезбедени.

-“За делот Куманово до Бењаковце, сеуште се во тек се преговори со Европската Банка за обнова и развој, од каде се планира годинава да се обезбедат финансиски средства во висина од 46,4 милиони евра а додека одобрен е грант од 2,5 милиони евра за избор на консултант кој ќе врши надзор на работата на оваа делница, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Дополнително Јанакиески се пофали дека во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, Европската инвестициска банка испратила писмо на намери во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, за кој се потребни 145 милиони евра за градежни работи.

Не е комлетирана ниту финансиска конструкција за делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој е најтежок и најскап. „Во однос на оваа делница, Министерството за транспорт и врски поднесе барање до ИПА за обезбедување на средства во висина од два милиони евра но за изработка на основните проекти, изјави пред неколку дена министерот за транспорт и врски Јанакиески. Изградбата на пругата кон Бугарија досега сите Влади ја користеа како предизборен адут. Речиси сите досегашни министри за транспорт потпишуваа меморандуми за соработка со разни институции, но и со нивните колеги од Бугарија, со кои се фалеа дека заедно ќе настапат пред меѓународните финансиски институции во потрагата по парите за изградба на овој проект со оглед дека ова железничко поврзување е од огромна важност за двете земји. Но , сите досегашни потписи останаа само на хартија , додека на терен пропаѓаше и она што беше започнато да се гради во 1994 година. Официјално градежните активности на пругата кон Бугарија се стопирани во 2004 година. Но не се преземени активности за конзервација на веќе изградените објекти а дополнително не се преземени ниту мерки за раскинување на договорите со градежните компании па така таму и денеска стои градежна оператива на некои компании. Сега Владата пак се пофали дека, успела вонсудски да раскине дел од договорите со градежните компании но штетата била веќе направена. Важноста на пругата кон Бугарија е неспорна сметаат познавачите но сепак останува отворено прашањето дали ќе се обезбедат пари за нејзина изградба. Според последната физибилити студија изработена од српската консултантска куќа Ептиса ДБ Интернатионал , на барање на Министерството за транспорт и врски а финансирано од Европската банка за обнова и развој, утврдено е дека изградбата на пругата кон Источниот сосед земјава ќе ја чини околу 600 милиони евра. Консултантите препорачуваат дека со оглед на тоа што проектот за железничко поврзување помеѓу Македонија и Бугарија е започнат и покрај тоа што бил прекинат пред повеќе години, земајќи го во предвид развојот на побарувачката за транспорт во рамките на Пан -Европскиот Коридор 8, консултантите строго препорачуваат довршување на железничките делници кон Бугарија. Консултатнтот смета дека и покрај тоа што сумата е значителна и изнесува 8 проценти од македонскиот БДП во 2010 година сепак консултантот останува на ставот дека придобивките за земјава ќе бидат поголеми откако ова железничко поврзување би се реализирало.

Но освен пругата кон источниот сосед, деновиве Владата најави и реконструкција на пругите на Коридорот 10. Ќе се подготвувале проекти за рехабилитација, како увертира за голема инвестиција во железничкиот сообраќај. Освен ова најавена е и реконструкција на железничките станици низ земјава. Сепак, најавите во најголем дел за инвестициите во железницата остануваат за следната година.

Инвестициите во инфарструктурата се неопходни едногласни се и бизнисмените и експертите но, досега речиси сите Влади беа критикувани дека ги занемаруваат токму инфраструктурните проекти, односно или воопшто не вложуваат или она што го вложуваат е само шминка иако инфраструктурата е клучна за развој на вкупната економија.

  • Експропријација на куќи и земјоделско земјиште

Изградбата на пругата кон Бугарија , според физибилити студијата на српсkиот консултант покажала и дека ќе биде потребно:

  • Разрушување на 25 куќи во населбите : Градец, Крива Паланка, Узем, по предвидена цена од 650 евра за квадратен метар
  • Експропријација на 424,379 метри квадратни земјоделско земјиште во населбите Лиминци , Градец, Лозаново, Крива Паланка , Дрење, Трново , Киселица , Жидилово , Кркља ,Костур,  Узем, по предвидена цена од 5 евра за квадратен метар.
  • Извор: ОВЖСО

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот