ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА СПИСОКОТ - Google наскоро ги блокира постарите андроиди
Објавено во: Свет 05 Август, 2021
Ако вашиот уред користи Android 2.3.7 или постар, повеќе нема да можете да се најавите на вашата сметка на Google почнувајќи од 27 септември.
- Ако се најавите на вашиот уред по 27 септември, ќе добиете грешки при најавување на услуги како Gmail, Youtube и Maps, предупредува Google.
Загхрозени се пред се уредите кои излегоа пред речиси десет години.
Во моментов има повеќе од три милијарди активни Андроиди, што значи дека овие промени ќе влијаат на поголем број луѓе, особено оние кои се држат до постарите технологии.
Ако имате уред со Android 2.3.7 инсталиран по 27 септември, сепак ќе можете да користите некои услуги на Google ако сте најавени преку прелистувач.
Сите паметни телефони кои имаат Android 3.0 во себе ќе можат нормално да се најават на својата сметка на Google, пишува tportal.hr.
Советот е да проверите дали вашиот стар паметен телефон поддржува надградби на софтвер и да ја користите оваа опција.
Извор: Блиц.рс