20 Април, 2024
0.0304

ПРОТЕКОА ДЕТАЛИ ОД БРУТАЛНАТА ПРЕСМЕТКА НА ПРИНЦОВИТЕ - ме фати за јаката и ме собори на подот, се тоа поради Меган

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Принцот Хари во својата нова автобиографија откри дека неговиот брат Вилијам го нападнал во Лондон во 2019 година, по расправија за неговата сопруга Меган Маркл.

Како што пренесува „Гардијан“, Хари во книгата раскажува како што вели дека бил физички нападнат од неговиот брат Вилијам, сега принц од Велс, и времето кога двајцата се отуѓиле поради бракот на помладиот принц со актерката Меган Маркл.

Опишувајќи ја конфронтацијата во неговиот дом во Лондон во 2019 година, Хари вели дека неговиот брат Вилијам ја нарекол Меган „тешка“ и „груба“, што тој рече дека е повторување на она што медиумите го напишале за неговата сопруга.

Принцот тврди дека конфликтот набрзо ескалирал и дека Вилијам „го фатил за јаката, му го скинал ѓерданот и го соборил на подот“.

Оваа сцена, за која Хари тврди дека му оставила повреда на грбот, е една од многуте во автобиографијата, која ќе биде објавена ширум светот следната недела.

„Не гледам како Хари и Вилијам ќе можат да се помират после ова“

Книгата на војводата од Сасекс, насловена „Резерва“, треба да биде објавена на 10 јануари - само четири месеци по смртта на кралицата на 8 септември. Насловот на мемоарите потекнува од една стара поговорка во кралските и аристократските кругови - првиот син е наследник на титулите, моќта и богатството, а вториот е резерва, доколку нешто му се случи на првороденото.

Нова.рс

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган