29 Март, 2024
0.0274

Просветарите за две години се радуваат на над 20 проценти зголемени плати

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за образование Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков вчера договорија нови 10 проценти покачување на платите кое ќе стапи на сила од 1 јануари 2020 година.

Ова значи дека за две години вработените во основното, средното и во високото образование се изборија за трето покачување на платите со кое на нивните сметки за два месеца ќе легнат нови 10 проценти. Просветарите минатиот и овој септември добија по пет отсто.

За министерот Адеми ова е историски момент затоа што ова е, како што рече, дополнително, трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти, нагласувајќи дека кумулативно платите се зголеми од 21,3 проценти во еден мандат.

За поместувањето на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков по вчерашниот договор истакна дека е задоволен од исходот на, како што рече, последната рунда  преговори по неколкуте средби со министерот за образование, но нагласи дека ова не значи затворање на прашањето за статусот на наставниците, туку е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот, како што е регресот за годишен одмор, враќање на реални трошоци за превоз до работното место и назад, реалното вреднување на работата во комбинирани паралелки, реално исплаќање на дополнителни часови во наставата итн.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција по објавувањето на договорот меѓу МОН и СОНК рече дека владата која тие ја предводеле склучила колективен договор со кој што се предвидувало динамично зголемување на платите од 25 проценти и дека оваа влада за три години на власт не направила никакво зголемување на платите со што според него, се прекршува колективениот договор.

Од опозицијата велат дека го поддржуваат секое зголемување на платите на работниците кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?