18 Февруари, 2025
0.0260

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СКОРО 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат повисоки плати, а каде се намалени

Објавено во: Финансии 21 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Просечната плата во Македонија во ноември месец минатата година била за само еден денар помала од 42 илјади денари. 

Согласно последните податоци на ДЗС, во ноември нето платата во Македонија изнесувала 41.999 денари. 

Ова покажува дека споредено со месец претходно, односно октомври 2024 година имаме намалување на просечната нето плата. Имено, во октомври просечната плата по вработен достигнала 42.134 денари.

Сепак, ако се прави споредба на годишно ниво, тогаш имаме раст на просечната плата. 

Како што просочуваат статистичарите, растот на нето платата се должи на растот на платите во секторите Уметност, забава и рекрација, како и секторот транспорт и складирање и секторот преработувачка индустрија, каде се всушност опфатени најголем дел од работниците во земјава. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 15,3 проценти, Транспорт и складирање за 12,7 отсто и Преработувачка индустрија со 11,2 проценти - соопштуваат од ДЗС.

Од таму исто така укажуваат дека во неколку сектори е забележан пад на платите. Станува збор за секторите: Рударство и вадење на камен со 8 проценти пад на платите, потоа Дејности во врска со недвижен имот со 5,9 отсо и Земјоделство, шумарство и рибарство со 2,6 проценти пад на платите. 

Можеби ќе ве интересира

ВО ПОЛИТИКАТА НЕ УСПЕА, АМА МАШАЛА, БИЗНИСОТ ДОБРО МУ ОДИ: Себастијан Курц заработи милијарди

ВО ПОЛИТИКАТА НЕ УСПЕА, АМА МАШАЛА, БИЗНИСОТ ДОБРО МУ ОДИ: Себастијан Курц заработи милијарди

„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

„ЗА ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА И ПОЕВТИНА ХРАНА“: СДСМ со предлог закон бара намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти

ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“

ФЕД ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАДОЛЖЕНОСТА НА АМЕРИКАНЦИТЕ: „не можат да ги враќаат кредити за автомобили“

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

ДОМАШНИТЕ БАНКИ ПАК ГО КРЕДИТИРАА СИГУРНИОТ ВРАЌАЧ - државата се задолжи за над 22 милиони евра, ова се каматите

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БОГАТСТВОТО НА МАСК СЕ НАМАЛИ ЗА 42 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ - поддршката на Трамп може скапо да го чини

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

БЕЗ РАБОТА ЌЕ ОСТАНАТ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ: Популарна банка во Германија планира големи откази, сакаат да ги намалат трошоците

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КРАЈ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГУМИ: „Tigar“ укинува милиони акции и банкротира

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КОШМАР ВРЕДЕН 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа

КУЌА НА ЈАДРАНОТ СЕ ПРОДАВА ПОЕВТИНО ОД СТАН ВО СКОПЈЕ: Се наоѓа на 300 метри од плажа