ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ДОСТИГНА 31.525 ДЕНАРИ, статистика повторно регистрираше раст
Објавено во: Финансии 22 Јуни, 2022
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2022 година, во однос на април 2021 година, изнесува 110.9.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8 отсто), Уметност, забава и рекреација (20,1 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (17 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8,3 отсто), Градежништво (5,6 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (4,5 отсто) - објавува ДЗС.
Минатиот месец ДЗС објави дека нето платата во месец март достигна 31.080 денари.