22 Јануари, 2025
0.0249

Прорускиот кандидат кој победи во првиот претседатски изборен круг во Романија, разочаран од одлуката на Уставниот суд

Објавено во: Балкан 07 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Независниот кандидат на претседателските избори во Романија, Калин Ѓорѓеску, кој важи за проруски настроен, синоќа изјави дека одлуката на Уставниот суд за поништување на првиот круг од изборите претставува официјален државен удар.

„На денешен ден романската држава ја погази демократијата. Земјата е во состојба на индуцирана кома. Заедно со народот го направивме тоа што го кажавме, напишавме историја. Време е да покажеме дека сме храбар народ“, рече Ѓорѓеску, кој победи во првиот круг, во обраќањето на ТВ каналот Реалитатеа.

Тој додаде дека демократијата е нападната, а партиските лидери се плашат дека нивните досиеја ќе излезат на виделина.

„На овој ден корумпираниот систем склучи пакт со ѓаволот. Имам само еден пакт, со романскиот народ и со Бог. Силата е во секој од нас, романскиот народ не се предава“, рече Ѓорѓеску.

Десничарскиот независен кандидат Ѓорѓеску победи во првиот круг од изборите на 24 ноември, а проевропската кандидатка Елена Ласиони влезе во вториот круг.

Вториот круг на гласање требаше да се одржи на 8 декември, а на некои места во странство веќе почна гласањето

Според него, ова е почеток на нова страница во историјата на Романија. Ѓорѓеску рече дека целиот свет знае што се случува во Романија и дека работите нема да останат вака.

Тој посочи дека не потрошил ниту леи за изборната кампања, негирајќи дека зад неа стои „државен актер“, како што стои во објавените декласифицирани документи.

На новинарско прашање за можноста повторно да му биде забрането да се кандидира, Ѓорѓеску рече дека ќе оди пред највисокиот суд и дека веќе се преземени активности во таа насока.

„Ако девет судии, колку што има во Уставниот суд, одлучуваат спротивно на волјата на 19 милиони луѓе, тогаш тоа не е реално“, заклучи тој.

Уставниот суд на Романија претходно денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако беа декласифицирани безбедносните документи и беше најавено дека изборниот процес мора да се повтори во целост.

Романскиот претседател во заминување Јоханис во средата објави декласифицирани документи со детали за масовната и, како што рече, „високо организираната“ кампања за Ѓорѓеску на ТикТок, наводно координирана од „државен актер“.

Документите вклучуваат разузнавачка проценка дека Русија извршува хибридни напади против Романија, која ја гледа како „непријателска држава“.

Во тие документи се наведува дека Романија била цел на „агресивни хибридни руски напади“ за време на изборниот период.


Можеби ќе ве интересира

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

ВУЧИЌ Е ВО ДАВОС: Објави фотографија како јаде сендвич

ВУЧИЌ Е ВО ДАВОС: Објави фотографија како јаде сендвич

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА: Осуммина загинаа, 13 се повредени во пожар во старски дом во Белград

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

„ЗБОГУМ КАНАДА, ОДАМ ВО ПАНАМА“: Исповед на Балканец - „Ние не сме Канаѓани“

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ: Колку е моќен бугарскиот пасош?

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

ДОДИК: Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното