20 Април, 2024
0.0277

Проработе новото Министерство за надворешни работи!

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Новиот објект на Министерството за надворешни работи, и официјално е во употреба, со сечење на црвена лента по повод денот на Револуционерната борба.  Новата зграда е на седум ката во веќе препознатливиот барокен стил со тераса на најгорниот кат на која има скулптури од познати светски личности, Кемал Ататурк, Нелсон Мендела, Роберт Шуман, Винстон Черчил, Абрахам Линколн, Џорџ Вашингтон и други. И на другите катови од објектот се поставени по десетина скулптури високи од 2,3 до 3 метра, со најразлична тематика. Новата зграда има 440 простории, и кафетерија со поглед на центарот на градот, а се наоѓа на улицата што сега го носи го носи името Филип Втори. Изградбата чинеше близу 13, 5 милиони евра, а автори на идејното решение се Лидија Стојаноска и Валентина Каранфилова Стевановска. Во објектот се вселија 523 вработени во МНР. - После 20 години независно постоење, македонската дипломатија се стекнува и со просторни капацитети соодветни за сериозна идна членка во евроатлантските семејства. МНР беше главното јадро на генерирање и реализација на активностите во стекнување меѓународен легитимитет во сите важни заложби на Република Македонија - меѓународното признавање на нејзината независност и сувереност, воспоставувањето, градењето и унапредувањето на добри односи со сите земји во светот, приемот во меѓународните организации, учеството во меѓународните коалиции за одржување на меѓународниот мир и безбедност и креиранње многубројни разновидни активнсоти во насока на што подобра и поквалитетна афирмација на имиџот на Република Макеоднија, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам