29 Март, 2024
0.0326

Пронајди го златото во Македонија!

Објавено во: Анализа 07 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Има ли наоѓалишта на злато во Македонија? Податоците до кои дојде Фактор покажуваат дека во контиунуитет се правеле истражувања за златните наоѓалишта на територија на целата држава. Според добиените анализи,  златото во земјава може да се најде како главен или како придружник на други рудни минерали. Златото може да се најде и во алувионите на речните текови кој што се добива со испитување на нивните шлихови. Фактор Ви открива, кои локалитети се испитани и каде и колку злато има. “Бучим” На годишно ниво во единствениот македонски рудник за бакар и злато Бучим во Радовиш се произведува од 350 до 400 килограми злато. Високата цена на златото на светските берзи изминативе недели позитивно влијае врз работењето на рудникот, но сепак проблемите се јавуваат поради зголемените цени на енергенсите и на репроматеријалите. Во овој рудник се произведува бакарен концентрат кој содржи бакар и злато и се носи на понатмошна преработка во  Бугарија, каде што практично се продава бакарниот концентрат.  “Иловица”   Според сознанијата на Фактор, податоците од истражувањата што ги правеше американско–бугарската компaнија Фелпс доџ Вардар утврдиле дека месноста Иловица го крие најголемиот рудник на бакар и злато во Југоисточна Европа. Токму на овој локалитет веќе е можно отворање на рудно окно, од страна на канадскиот инвестициски фонд “Еуромакс”, кој во ноември лани ја купи “Фелпс доџ Вардар” , и ги наследи сите геолошки истражувања во Иловица. Министерството за економија веќе потпиша  Договор за концесија за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато “Иловица”  со канадската компанија “Еуромакс”. Според плановите канадската компанија „Еуромакс“  во наредните пет години ќе инвестира 500 милиони долари и ќе отвори нови 500 работни места.  “Алшар” Златото е  присутно во силификованите и го има во наоѓалиштето Алшар и просторот околу него. Геолозите кои бараат златоносни руди , пројавуваат се поголем интерес за нови истражувања во рудникот Алшар и Кожувскиот појас. Според некои проценки се смета дека на овој локалитет има поголеми количини на руда и од Иловица и до рудникот за злато и бакар Бучим. Зголемениот интерес за истражување на Алшар е поради тоа што владата минатата година ја тргна заштитата која ја имаше Алшар. Наоѓалиштето беше заштитено поради присуството на златоносните руди, но и поради присуството на  ретките рудни минерали на талиум, односно на лорандит. Се смета дека лорандитот го има  единствено во Алшар  и евентуално во Шри Ланка.  Рудниот реон “Бучим-Дамјан-Боров дол” Во ова наоѓалиште покрај присуството на бакар присутно е и златото и среброто. Златото се добива како нус продукт при преработката на бакарниот концентрат. Од извршените истражувања на орудните тела од аспект на златото се добиваат следните податоци:
Локалитет

Резерви на метал

Au (kg)

Содржина на

Au (gr/t)

Централно рудно тело

6.674

0,33

Вршник

2.708

0,21

Чукар – II

3.264

0,19

Бунарџик

6.136

0,33

Со експлоатацијата на рудата како нус производи од бакарните концентрати, годишно се добиваат 0,5 тони злато после 1990 година, додека во периодот до 1990 година од 0,8 до 1,0 тони злато. Во досегашниот тек од експлоатацијата на бакарните концентрати содржината на златото е потврдена со онаа од пресметката на рудните резерви и тоа содржината на златото во Централното рудно тело се движи од 0,32 gr/t до 0,59 gr/t, а во Чукар – II ос 0,18 gr/t – 0,27 gr/t.  “Казандол” Се наоѓа во централниот дел на Вардарска зона и претставува дел од металогенетската единица Конечки планини–Плавуш-Фурка. Сместена во најјужниот дел на Република Макеоднија околу 5 км Југозападно од Валандово. На овој простор се направени повеќе истражувања со рударски работи. До сега се регистрирани 16 поткопи, но сите се зарушени. Содржината на корисните компоненти (Cu, Au, Ag) не е систематски испитувана.  Кратовско – Злетовската вулканка област  “Плавица” Oвој локалитет е подетално е истражуван во периодот од 1934 до 1980 година. Истражувањата се правени на должина од околу 1500м и ширина околу 800 м. Според податоците направени се  околу 1700 метри ходници и ускопи и издупчено околу 95 дупнатини со околу 30750 м’ со длабина просечно од 350 м, а една дупнатина е изведена до длабина од  1000 м. Со сите тие испитувања утврдено е присуство на повеќе типови на минерализација и оруднување а еден од нив е и златото (односно порфирска минерализација на злато во секундарните кварцити) Осоговски руден реон  “Луке – Крстов дол” Oвој локлитет е истражуван  во периодот од 1955 до 1970 година . Иситувани се повеќе рудни појави. Од нив позначајна е рудната појава кај Самар каде се направени повеќе бушотини. Од анализите може да се забележи дека за првпат е регистрирано поголемо присуство на  злато во олово-цинканите руди и претставува ретка појава на овој простор. Од аспект на златоносност од се издвојува просторот на Самар и тоа не само од аспект на полиметалите туку и од аспект на златоносност. Дополнително направени се и испитувања на објектите на објектите: Плавило, Клисура, Крстов дол но резултатите од хемиските анализи на злато покажеле дека е мошне ниско присуството на злато и тоа под 0,1 gr/t., додека анализите на подрачјата Пондерица, Чешма кај Самар и Колибје покажуваат содржина над 1 gr/t Au.  “Тораница” Во рудното наоѓалиште Тораница присуството на племенитите метали (злато) е обележано повеќе како придружна творба на олово-цинканите минерали. Присуството на злато е забележано во поголеми количини на некои рудни појави на рудното поле и тоа кај појавата на Дурле-Петрова река, појави на бугарска страна на Осогово – Руенското рудно поле.  “Пехчево” Истражувањата на овој простор се правени уште од 1955 - 1969 година. Но во најново време интересот на натамошни истражувања се обновува од аспект на присуство на злато. Сепак резултатите од хемиските анализи покажуваат дека содржината на злато е ниска под 0,1 gr/t.  “Лојане” Антимонитските појави заради својот ниско температурен карактер и присуство на појави на злато како главни или придружни компоненти, стануваат интересни за истражување. На овој простор од анализите утврдено е дека содржините на златото Au се ниски (< 0,1 gr/t). “Рудно наоѓалиште Буково – Иберли” Едно од подобро истражените рудни појави на Конечките планини, но од сите овие истражувања утрвдено е дека содржината на Au - злато е ниска и тоа помалку од 0,1 gr/t.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот