25 Април, 2024
0.0281

Промовирана книгата „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон, во издание на „Арс Ламина“

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Книгата поезија „Аутопсија на љубовта“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, беше промовирана вчеравечер (18 април) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. „Аутопсија на љубовта“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е прва книга на младиот автор.

Книгата содржи длабоко интимна поезија, еден вид внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд...
‒ Љубовта е единственото нешто за кое вреди да се живее. Да не е таа зошто воопшто човек би живеел со стравови, кон што би бил насочен копнежот, ќе нема мост преку безнадежноста... Не зборувам само за возвратена љубов. Возвратената љубов е чиста радост затоа што универзумот те споил со друга душа која те љуби исто така. Не секогаш тоа е вечно, но со неа треба да се однесуваме како да ќе трае бесконечно. За човекот е еднакво важна и невозвратената љубов, која е коктел од повеќе емоции. Сепак, има нешто многу длабоко во тоа да љубиш и да не добиваш ништо за возврат, да се даваш себеси без да очекуваш каква и да е физичка или емотивна награда. Љубовта е единствената смисла на постоењето ‒ вели Moџо Килингтон.

Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа, авторот ја спротивставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот. На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто показалки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.

‒ Кога почнав да пишувам не ни знаев дали воопшто имам демони во себе. Само ме интересираше дали можам да напишам песна. Напишав една, помислив, добро, една може да е случајност, ајде уште еднаш да пробам и ми се допадна. Потоа ги запознав и демоните кои не знаев ни дека живеат во мене, но научив да живеам со нив и да ми помагаат. Сега сѐ помалку се обидувам да се борам против нив и сѐ повеќе ми се коавтори во пишувањето. Станавме пријатели. А после секоја песна чувствувам некое олеснување, некаков духовен оргазам на празнење што помага да се чувствувам подобро, и на крајот, откако ќе прочитам, да се сфатам и самиот подобро. Поезијата, барем за мене, не е уметност во која учествува и логиката и разумот, затоа и никогаш не поправам песна, иако понекогаш ми доаѓаат подобри решенија за одредени стихови. Тоа е моментално емотивно празнење и не мора да е толку убаво, колку што мора да е искрено – истакна младиот автор.

Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Дел е и од популарната македонска комична и сатирична телевизиска емисија „Фчерашни новости“. Уредник е на интернет страницата FN.mk, ориентирана на комедија и сатира, која објавува сатирични „вести“ кои низ хумор ги коментираат дневните политички настани во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка