19 Април, 2024
0.0418

Промовирана книга за монетоковањето во Античка Македонија

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Познатиот бизнисмен Доне Таневски,  ја промовира книгата „Монетоковањето во Античка Македонија“ на која работел повеќе од десет години. Се работи за обемно дело од 517 страни во кое е претставен периодот од шести век пред наша ера се до римската доминација на територијата на Македонија. Делото е специфично по тоа што е базирано на повеќе од 160 библиографски извори од еминентни  автори од целиот свет, меѓу кои најголем дел за прв пат се користат во една научна книга во Македонија.

Според уредникот на книгата Професор, Доктор Наде Проева, авторот дава не само основни податоци , туку и преглед на најновите сознанија во нумизматичката наука, корисни дури и за професионални нумизматичари.


„Со едноставни зборови авторот успеал да прикаже доста тешка но и истовремено и мошне интересна материја и да и ја доближи на широката публика. Следствено на тоа, книгата претставува вистински прирачник за македонското монетоковање, со што се пополнува еден голем недостиг од стручна литература во оваа област“, вели Професор Проева.

Со ставот на Проева се сложија и двајцата промотори на книгата Магистер Милица Шелдарова и Доктор Перо Јосифовски, кои како признаније на огромниот вложен труд, Таневски го ословија со свој колега.

Покрај обемната анализа на монетоковањето за дури 26 владетели на територијата на Македонија, во книгата може да се најдат и нумизматички и аукциски каталози на монети испечатени во висока резолуција како и тежински стандарди користени од македонските кралеви.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година