Промени во врвот на Цементарница Усје: Претседателот на Одборот на директори поднесе оставка
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2021
Претседателот на Одборот на директор на Цементарница УСЈЕ поднел оставка со што му престанале функциите во друштвото, соопшти компанијата до Македонска берза. На местото на Константинос Дердемизес доаѓа Јанис Паниарас кој ќе биде вршител на должноста Претседател на Одброт на директори до новото Собрание.
„На Неизвршниот член и Претседател на Одборот на директори Константинос Дердемезис му престанаа фунцкиите поради поднесена оставка. Јанис Паниарас е избран за Вршител на должност Неизвршен член и Вршител на должност Претседател на Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, до одржувањето на наредното Собрание на акционери.