28 Март, 2024
0.0258

ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО СОСЕДСТВОТО, целосно електрично возило од фабриката во Крагуевац

Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Нов целосно електричен автомобил базиран на новиот „Citroen C3“, треба да почне да се произведува во фабриката во Крагуевац во соседна Србија. Новото производство целосно ќе ја замени „Fiat Panda“, но како што пишуваат српските медиуми, технички, Fiat нема да има многу врска со развојот на овој автомобил, кој ќе почне да се продава дури во 2024 година.

Најавите се дека италијанската компанија ќе понуди електрична верзија во Европа, а се очекува и екскурзија на глобално ниво, особено во Јужна Америка.

Се очекува новите автомобили да имаат “ електричен мотор од 60 киловати (kW) и батерија од кинеско производство од 40 kWh, додека помоќната верзија би била 80 kw со батерија од 50 kWh.

- Италијанскиот градски автомобил ќе биде 100 отсто електричен, а според неофицијални информации овој модел ќе може да се купи за почетни 12.000 евра. Производството на електричниот модел ќе започне во ноември 2024 година, во фабриката во Крагуевац - пренесува „Информер.рс“.

Медиумите прнесуваат дека автомобилот ќе се нуди само во електрична верзија, барем во Европа. Неговото производство ќе биде и крај на големите иновации во палетата на нови возила „Фиат“. Производителот првично ќе лансира економична верзија со послаб мотор од 60 kW, а подоцна ќе биде достапна и помоќна верзија од 90 kW за оние кои сакаат посилна кубикажа.

Претседателот на Самостојниот синдикат на фабрика за автомобили, Саша Ѓорѓевиќ, за Информер потврди дека фабриката во Крагуевац сега работи со полна пареа, за разлика од времето кога бројот на работни денови се броеше на прсти од едната рака.

- Во моментов се работи на расчистување на производствената хала и одредени погони со цел да се постави нова опрема за претстојното производство. Во „Фиат“ останаа 500 работници и се работи на демонтирање на стара опрема и машини кои повеќе нема да се користат. Во наредниот период, а многу брзо, очекуваме пред Нова година, треба да започне поставувањето на нови машини и опрема што ќе се користат за производство на електрични возила. Прво, ќе бидат опремени преносот и погонот на каросеријата. Тоа се производствените хали во кои се гради автомобилот. Тука се создаваат првите делови од идното возило - вели Ѓорѓевиќ и додава дека е рано да се прецизираат детали за испораката на нови возила, бидејќи бизнисот е неизвесен. Сепак, тој дополнил дека според проценките „се надеваме дека за две години ќе имаме нов производ од нашата фабрика во срцето на Шумадија“.

Миодраг Пирошки, автор на емисијата „Жешки гуми“, смета дека ова е одлична вест за автомобилската индустрија, но и за самиот пазар.

- Србија конечно е на мапата на модерната автомобилска индустрија! Се разбира, ова е важно за „Фиат“, но и за целата земја! Со производството на електрични автомобили влегуваме во нова технолошка ера, што е неверојатна промена. Моја желба е во 2024 година да го возам новиот домашен електричен автомобил - вели Пирошки.

Карлос Таварес, извршен директор на компанијата „Стелантис“, изјави дека договорот со фабриката во Србија е јасен и конкретен чекор со цел трансформацијата на компанијата да биде успешна и транзицијата кон нова технологија да биде завршена.

– Ќе бидеме горди кога електричните возила ќе излезат од производствената лента – рече Таварес.

За потсетување, „Стелантис“ е мултинационална корпорација за производство на автомобили, една од четирите најголеми во светот, а е формирана во 2021 година со спојување на италијанско-американскиот конгломерат „Фиат Крајслер Аутомобилес“ и француската групација ПСА.

Со производство на електрични автомобили, Србија ќе им се придружи на големите светски автомобилски гиганти кои се повеќе инвестираат во производството на електрични возила. Така, од година во година на пазарот се појавуваат се повеќе модели од различни производители! „Тојота“ на своите клиенти им го нуди моделот „бЗ“, „Рено“ моделот „зое“, а „Нисан“ ги нуди моделите „лиф“ и „арија“. Кога станува збор за „Фолксваген“, електричните автомобили што можете да ги купите се „голф“, „ид.3“ и „ид.5“, а „Мерцедес“ може да се пофали со дури пет електрични модели: EQA, EQB, EQC , EQE , EQS.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор