09 Октомври, 2024
0.0269

ПРОГНОЗА: Eврото ќе се намали за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година?

Објавено во: Економија 11 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Според американската банка „Морган Стенли“, еврото ќе се намали за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година. Се очекува Европската централна банка (ЕЦБ) наскоро да ги намали каматните стапки за да се справи со болната економија во еврозоната.

„Банката очекува еврото да падне на 1,02 долари до крајот на годината“, изјави Дејвид Адамс, шеф за стратегијата за девизниот пазар во „Морган Стенли“, додавајќи дека очекува ЕЦБ да продолжи со намалувањето на каматните стапки на своите три состаноци до крајот на 2024 година.

Аналитичарите на Блумберг, пак, предвидуваат спротивен тренд, односно раст на еврото до 1,11 долари до крајот на годината.

Инаку, денеска курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 143,30 на 141,50 јени, што е најниско ниво во последните осум месеци.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1040 долари, додека вчера во истиот пердиот од тргувањето изнесуваше 1,1030 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби, кога остро паднаа откако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ја намали проценката за побарувачката за оваа и следната година поради бавниот раст на најголемите светски економии.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?