ПРОФИТИРАА ОД КРИЗАТА ВО ИРАН: Од златото заработија 20 милиони долари
Објавено во: Економија 17 Јануари, 2020
За неполни два месеци, Србија заработила 20 милиони долари од златото, иако не мрднала со прст.
Се работи за нешто многу едноставно. При крајот на октомври купиле девет тони злато, кое денес вреди 20 милиони долари повеќе од тогаш.
Пред два месеци, Народната банка купи злато на меѓународниот пазар, на иницијатива на српскиот претседател, Александар Вучиќ, а поради кризата во Иран, цената рекордно скокна и уште расте, пишува српски Курир.
Многу скептици во Србија не веруваа дека купувањето на овој племенит метал на краток рок ќе донесе пари. За овој потег се побуни опозицијата.