20 Април, 2024
0.0259

Професионалната ориентација-откривање на способностите и афинитетите на учениците

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Анализите на образовниот процес и вработливоста укажуваат дека отсуствува планирање и создавање на потребен човечки капитал, што ќе доведе од година во година квалификуваниот човечки капитал да биде сé повеќе недоволен и дефицитарен. Затоа е потребно кариерно насочување или професионална ориентација на учениците уште од основното образование, на што укажуваше во своите иницијативи и Стопанската комора на Македонија. Тоа подразбира насочување на учениците во правец на избор на нивните идни занимања и упис во соодветно средно училиште, според нивните способности, што ќе придонесе за обезбедување потребен кадар за бизнис секторот.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, минатата учебна 2018/2019 година од вкупниот број на 71.650 ученици, во стручните училишта се запишале 42.958 ученици, а во гимназиските училишта 27.504 ученика. Мала е бројката на запишани ученици од 1.188 во уметничките училишта. Споредувајќи ги податоците, се добива слика дека и не е многу голем бројот на ученици кои се запишуваат во стручното образование во однос на гимназиското образование. Доколку се погледнат податоците за бројката на ученици во стручното образование во кои сектори на квалификации се запишуваат, се добива слика дека најмногу се запишуваат во секторот здравство и социјална заштита и тоа 10.571 ученик, а најмалку се запишуваат за квалификацијата прехранбен техничар во секторот хемија и технологија и тоа само 9 ученика, секторот градежништво и геодезија и тоа 92 ученика, иако според анализите што ги правеше Комората, 62% од компаниите се изјасниле дека вакви квалификации се потребни за непречено одвивање на нивните работни процеси. За квалификации во секторот шумарство нема запишано ниту еден ученик.

Ваквата структура и движење ја отвораат дилемата колку ние, како држава, создаваме стручен кадар кој брзо ќе го најде своето работно место и колку влијаеме на професионалното ориентирање и насочување на учениците.

ПРОФЕСИОНАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА  – ОТКРИВАЊЕ НА СПОСОБНОСТИТЕ И АФИНИТЕТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕДоколку младите соодветно професионално се насочуваат и се развиваат, имаат реална самопроценка и прават вистински избор на занимањето, тогаш сликата во образованието би изгледала сосем поразлично. Учениците во поголем број би се насочувале кон стручното образование за стекнување квалификации, но квалификации кои се барани на пазарот на труд, а не создавање хипер продукција на кадар кој не е побаруван на пазарот и за кој нема работни позиции. На тој начин се постигнува вистинска синергија - реално се предвидуваат очекувањата на претпријатијата, учениците се насочуваат кон стекнување на побарувани вештини и квалификации, според нивните можности и амбиции и објективно се задоволуваат побарувањата.

Оваа потреба, преку обезбедување вистински избор на идната професија на учениците и намалување на јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот, ја увиде Стопанската комора на Македонија и преку свои иницијативи, професионалната ориентација и насочување на учениците инсистираше да влезе во новиот Закон за основното образование, кој беше донесен во август 2019 година, што ќе придонесе да се излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата и создавање идна работна сила, барана на пазарот на труд.

Професионалното ориентирање и кариерниот развој на ученикот не смее да биде стихиен процес, туку напротив, тој мора да биде испланиран и организиран, со јасно определени цели. Ако вака се гледа на кариерниот развој на учениците, тогаш е јасно дека овој сериозен процес мора да биде воден од оспособени лица, професионални советници. За таа цел, потребно е формирање на центри за кариера во кои би се насочувале учениците.

Насочувањето кон идната професија како процес кај нас се случува премногу доцна и тоа во средното образование. Во средните стручни училишта многу одамна има отворени центри за кариера кои главно се занимаваат со подготвување на учениците за вработување преку подготвување на мотивирачко писмо, биографија и однесување на прво интервју, но динамиката и квалитетот на работа се разликува од едно во друго училиште и не е секаде ист.

Центрите за кариера ќе обезбедуваат помош и поддршка на учениците за нивно правилно насочување при изборот на нивното занимање што ќе биде во согласност со нивните афинитети и способности, а со тоа и упис во соодветно средно училиште . Искуствата покажуваат дека поголем број ученици имаат тешкотии при изборот на занимањето и честопати избираат занимање по препорака на родителите или другарите, занимање во кое не можат да се пронајдат. Затоа имаат потреба од насочување, информирање и советување при дефинирање на одлуките на учениците уште од раната возраст според нивните психофизички способности, знаења, вештини, компетенции, искуство, поврзувајќи ги притоа со потребите и можностите на пазарот на труд.

Тоа неминовно придонесува за воспоставување ефективен систем за подготовка на денешните ученици за утрешната работа.


M-р Наташа Јаневска, самостоен советник

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга