20 Април, 2024
0.0282

Проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ на УСЈЕ доби национална награда за Најдобра општествена одговорна практика

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во категоријата „Односи со зедницата“ за проектот „Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“ Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби признание што го доделува Националното координативно тело за општествена одговорност и Министерството за економија. Наградата УСЈЕ ја доби во категоријата „Големи компании“ за успешно спроведен проект во текот на 2019 година.

УСЈЕ, во соработка со Архитектонскиот факулет од Скопје, започна проект за реконструкција и подобрување на изгледот на фасадите на силосите и на дел од инсталациите. Во рамките на овој проект, УСЈЕ распиша конкурс на кој беа пријавени 25 идејни решенија изработени тимски или поединечно. Најдобрите четири решенија избрани од стручна комисија, беа откупени по што беше изработен проект за реализација. Првата фаза на проектот е веќе имплементиран и дел од инсталациите на УСЈЕ добија нов изглед.  Покрај оваа активност, во рамките на проектот „Соработка за поквалитетно обазование и кариерни можности“, беше донирана и дигитална опрема за Факултетот за електротехника и информациски технологии, Усје учествиваше во САРКОС РИЛЕМ проектот заедно со Технолошко-металуршкиот Факултет од Скопје, а и во континуитет се реализира Програмата за практикантска работа во УСЈЕ во партнерство со училиштата.

Поддршката на образованието за младите и создавање на подобри услови за едукација и практична работа се проекти на кои посветено работиме повеќе години. Преку соработката со релевантите институции секогаш се обидуваме да најдеме начин за проширување на овие проекти за на младите да им понудиме можности да се едуцираат во современи услови, но и да ги реализираат своите идеи. Оваа награда ни е особено драга, бидејќи е признание и за компанијата, но и за сите наши партнери кои се дел од овој проект“, истакнаа од УСЈЕ. 

Во изминатите 10 години УСЈЕ неколку пати е носител на национално признание за општествено одговорни практики.

Инаку, Цементраница УСЈЕ од 2008-та година е потписничка и членка на Глобалниот договор на Обединетите нации (ОН) што ја обврзува да ги почитува принципите на општествено одговорно делување во областите на заштитата на животната средина, човековите и работничките права, антикорупциското делување и коропративното управување и лидерство.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга