19 Април, 2024
0.0282

Продолжува „војната“ во техничката Влада, поништени решенијата на Мизрахи

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Владата синоќа објави дека е донесена одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на в.д. директори во јавните установи - меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш донесени од страна на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

- Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д директори на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа”, се вели во соопштението на Владата.

Од таму велат дека актите немале потпис од заменик министерката Санела Шкриељ и дека целта на техничкиот министер и на дополнителниот заменик- министер во МТСП треба да биде организација на параментарните избори и дека сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки односно да се одобруваат

- Техничката министерка спротивно на Законот и со притисок врз вработените во архива (со писмена наредба) ги донела решенијата за разрешување и решенијата за именување на други вршители на должност директори во јавни установи - меѓуопштински центри за социјална работа, се додава во објавата на Владата.

Засега единствено се огласи само заменичката Шкриељ.

- Времето на злоупотреба и притисоци врз центрите за социјална работа и корисниците на права заврши. Интересот на нашите корисници секогаш ќе ни биде приоритет и нема да дозволиме никој да го загрози тоа, искоментира таа на социјалните мрежи.




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?