ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ПРЕЖИВЕАНИ: Индонезија утринава доживеа уште еден силен потрес
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2021
Додека во
Индонезија продолжува потрагата по преживеани на островот Сулавеси, по првиот
силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтер, тлото се стресе и во Мамуја и Маена,
а јачината на земјотресот е 5 степени. Како што јавуваат локалните медиуми,
таму за среќа нема големи материјални штети и не јавуваат за евентуални жртви.
Инаку, според последните информации, во првиот земјотрес загинаа најмалку 45 луѓе, заради што евакуацијата е во тек. Досега во шелтер центрите се згижени повеќе од 15.000 луѓе.
Сепак властите стравуваат дека можеби бројот на загинати и повредени ќе се зголемува, бидејќи очекуваат под урнатините се уште да има заробени луѓе. Спасувачките екипи ќе почнат со пребарување на евентуално пртеживеани под урнатите хотели
Истовремено, Агенцијата за метеорологија предупредува на нов уште посилен земјотрес, како и опасност од цунами.