28 Март, 2024
0.0257

Продажбата на „Витаминка“ порасна 10 отсто и достигна 28 милиони евра

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Прилепската прехранбено - кондиторска индустрија одлично го зголемува пазарното учество на домашниот пазар и во странство. И тоа е најважната вест за нејзните акционери. На прав пат се! „Витаминка“ си прави поголем простор на домашниот пазар, но и на странските пазари. Приходите од продажба се повисоки за 2,6 милиони евра во услови кога оперативните расходи пораснале 1,8 милиони евра во однос на лани. Оперативната добивка е пониска од лани заради нивото на залихи, а дополнително негативно на нето добивката влијае нивото на финансиските расходи

Најголемата доминантно домашно поседувана прехранбена компанија „Витаминка“ има одлични резулати при освојувањето на пазарот во земјава и во странство во првите девет месеци годинава. „Витаминка“ во споредба со лани во првите девет месеци годинава ги зголеми приходите од продажба за 10 отсто односно за 2,63 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар до крај на септември на „Витаминка“ и донесе 16,67 милиони евра што е 10 отсто повеќе од лани. Извозот, од процентуален аспект расте повеќе од освојувањето на домашниот пазар. За првите девет месеци „Витаминка“ во странство продала производи во вредност од 11,26 милиони евра и тоа е 12 отсто повеќе од истиот период лани. Во овој период нивото на залихи (од почеток на година до крај на септември) книговодствено е намалено за 1,32 милиони евра. Лани во истиот период нивото на залихи на крај на септември е поголемо за 400.000 евра во однос на нивото од почетокот на минатата година.

Оперативните расходи, очекувано, растат заради зголемувањето на приходите од продажба. Тие за првите девет месеци изнесуваат 26,8 милиони евра. Во споредба со лани се повисоки за 1,8 милиони евра. Но заради залихите оперативната добивка е на ниво од 481.000 евра што е за 56 отсто пониско од истиот период лани кога изнесувала 1,1 милиони евра.

Дополнително врз намалување на добивката влијае и негативниот сооднос од 307.000 евра меѓу финансиските приходи и финансиските расходи во првите девет месеци. Нето добивката на „Витаминка“ во првите девет месеци изнесува 157.000 евра и таа е за 79 отсто пониска од лани кога за истиот период изнесувала 755.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина