29 Март, 2024
0.0286

ПРОБЛЕМОТ СО НАЕЗДАТА НА ДИВИ СВИЊИ Е СЕРИОЗНО СФАТЕН: ЦУК го презема случајот

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Вознемиреноста на скопјани поради наездата на диви свињи на Водно, кои во овој период се спуштаат и до населбите Црниче и Пржино по храна не стивнува. Во преголем број се, велат тие, и сега кога има грозје, јаболки, сливи, доаѓаат до дворовите со нивните млади.

-Обично приквечерина, кога се стемнува се симнуваат и доаѓаат да јадат. Тогаш се најактивни. Не станува збор ниту за подножјето на Водно, туку токму за населбите. Самиот нивни звук, движењето низ грмушките, крцкањето на гранките е вознемирувачко. Доколку се излезе на прошетка, никој не се чувствува безбеден да си се рати дома. Напаѓаат кога мислат дека младите им се загрозени, велат жителите на овие две населби кои се најблиску до Водно.

Според нивните кажувања, овој проблем станува се поголем особено во последните две години, заради што постојано јавуваат во низа институции. Последниот случај, со нападот на домашен миленик (куче) малку повеќе ја разбранува јавноста, а Фактор побара одговор од Центарот за управување со кризи, од каде што велат дека ќе ги преземат сите мерки за изнаоѓање решение.

-Пред неколку дена, 23.09.2022 година, околу 19.00 часот, вознемирен граѓанин пријавил крдо од неколку диви свињи кои од парк шумата Водно навлегле во урбаниот дел на населбата Пржино при што било нападнато неговото куче, над игралиштето „Славија“. За настанот граѓанинот известил во полициска станица, зоолошката градина и кај дежурниот оперативец во Центарот за управување со кризи. Дежурниот од Центарот за управување со кризи го примил известувањето и веднаш ги известил ЈП Национални шуми и Агенцијата за храна и ветеринарство и повратно го известил граѓанинот дека наведените институции не се надлежни за овој проблем. Центарот за управување со кризи продолжува со понатамошни активности за изнаоѓање на соодветно решение за овој несекојдневен проблем но и потенцијална опасност за граѓаните и нивните кучиња, изјави за Фактор директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Сопственикот на нападнатото куче потврди дека од ЦУК веќе ја контактирале и излегле на терен.

-Дојде вработен од Центарот за управување со кризи, го однесов до точната локација. Направи фотографии, документираше и се увери дека токму тука каде што беше нападнато моето куче е населба низ која секојдневно има пешаци, деца кои играат, игралиште на кое се одржуваат тренинзи...Мислам дека ситуацијата е сериозно сватена.

Инаку, во текот на летото, цели стада диви свињи се забележани од граѓани и тоа не само низ шумските патеки, туку и на асфалтираниот пат по кој се движат автомобили, мотори, велосипеди. Снимени се и видеа. Апелирале уште тогаш на многу места дека Водно е небезбедно место за рекреација, но, ниту од Град Скопје, ниту од Шумскиот инспекторат не е реагирано.

-Се јавував неколку пати. Пешачиме со деца, со кучиња, страшно е, како да ви кажам. Веќе не се ни сеќавам каде се се обратив, важно од едно место одговорот беше: „Свињите си се на место, што барате вие таму“. Но, само да се погледнат видеата. А, сега уште посериозна и многу поопасна е ситуацијата што се сосема долу, во населбите. Кога ќе настрада дете, ќе биде предоцна, но најверојатно нашите институции само тогаш реагираат, а не кога се посочува проблемот.

Во разговор за Фактор, дирекоторот на ЦУК, Ангелов, посочи дека проблемот ќе го актуелизира, и дека во координација со останатите институции ќе почнат активности за изнаоѓање најсоодветно решение.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите