19 Март, 2024
0.0347

Приватното училиште НОВА со повеќе модели за безбеден образовен процес

Објавено во: Македонија 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Директорот на приватното училиште НОВА, Иван Новаковски, во разговор за Фактор ги открива сите детали од долготрајниот процес на подготовка на оваа образовна институција за старт на новата учебна година. Итскнува дека подготовките за безбеден старт се започнати уште пред завршувањето на претходната учебна година и во моментов се целосно посветени сето тоа да го финализираат во очекување на одлуката од страна на надлежните институции кој модел ќе треба да го применат.  

-Паралелно се подготвуваме за неколку различни модели во зависност од актуелната здравствена ситуација, за која сите сме свесни дека се менува многу брзо. Како го проценуваме ризокот?За да можеме да носиме одлуки базирани на факти, ја креиравме „матрицата за проценка на ризикот од Ковид-19“. Таа матрица ќе ги предводи нашите одлуки во однос на потенцијалното отворање или пак затворање на училишниот кампус. Тимот за управување со кризи, ги зема во предвид препораките на Владата, локалната епидемиолошката состојбата, како и генералното расположение на својата заедница во однос на моделот којшто ќе го препорача, истакнува во разговорот за Фактор, Иван Новаковски, директо на училиштетот НОВА.

Оттаму нагласуваат дека во „матрицата за проценка на ризикот од Ковид-19“ има три нивоа, и тоа:

Ниво на ризик 1 - низок ризик-нормално учење

Училиштето ќе функционира според редовниот училишен распоред од 8 до 15 часот, истовремено охрабрувајќи го спроведувањето на постоечките безбедносни протоколи и употребата на ЛЗО. Сите ученици ќе бидат во кампусот во исто време. Ризикот од инфекција со ковид-19 би бил ограничен, овозможувајќи зголемена раздвиженост на луѓето во училниците и другите јавни места.

Нормалниот модел на учење би вклучил:

Придржување кон мерките за безбедност како и неопходно носење на лична заштитна опрема (ЛЗО)

Редовно времетраење на часовите и редовен училишен распоред

Подобрени протоколи за чистење, со акцент на средства за дезинфекција кои делуваат на коронавирусот.

Ниво на ризик 2 - Среден ризик - комбинирано учење

Училиштето ќе го спроведе својот комбиниран модел на учење, при што кампусот ќе остане отворен, со намалување на должината на часовите, модифициран училишен распоред и засилено спроведување на постоечките протоколи за безбедност и употреба на ЛЗО.

Комбинираниот модел за учење би вклучил:

·  Засилено придржување кон мерките за безбедност и носење на (ЛЗО)

·  Намалување на должината на часовите и модифициран распоред

·  Ограничена интеракција на учениците во групи

·  Засилени процедури за чистење, со посебен фокус на области каде што има фреквенција на движење како и на повисоките површини.

Центар за предучилишно образование (групи од 3-4 годишни деца)

Следењето на процедурите за безбедност ќе биде најтешко спроведливо за нашите најмлади ученици. Ќе се обидеме да сториме се за да бидат безбедни, иако сфаќаме дека не е секогаш можно да се избегнат физички контакти помеѓу учениците како и помеѓу учениците и наставникот.

Ќе го  прилагодиме нивниот амбиент за учење за да го намалиме ризикот од изложеност, со соодветни промени во училницата, отстранување на непотребниот мебел, потрошен материјал и играчки.

Ќе го ограничиме мешањето помеѓу групите на ученици со организиран премин до  нивните училници и игралишта и ограничен контакт со возрасни.

Учениците ќе останат со своите наставници во нивните училници и во нивните игралишта, со ограничени можности за изложување на ризик надвор од овие области.

Основно училиште (од градинка до петто одделение)

Учениците ќе имаат скратен училишен распоред, што ќе вклучува и ручек во училницата. Учениците ќе имаат можност за транзит / одмор од еден час и ќе продолжат да работат на нивниот наставен план од дома во онлајн амбиент, со комбинација на синхроно и асинхроно учење.Ќе го ограничиме мешањето помеѓу различните групи ученици во текот на целиот ден на училиште и интеракциите со возрасните надвор од нивното одделение.

Учениците кои не се во можност да присуствуваат на учење во кампусот ќе можат да пристапат до нивниот наставен план преку програмата за далечинско учење.

Основно училиште предметна настава (од шесто до осмо одделение) и средно училиште  (од деветто до дванаесетто одделение)

Нашите ученици од основното (предметна) и средното училиште ќе бидат поделени на две групи (жолта и сива), секоја од нив ќе поминува 2-3 дена неделно по распоред на кампусот, а остатокот дома.Жолтата група ќе следи распоред во кампусот во понеделник и четврток, додека сивата група распоред во вторник и петок.

Секоја група ќе присуствува секоја наредна среда на кампусот, додека другата останува да работи од дома.Кога групата не е присутна на настава во училиште, целта би била таа да го продолжи учењето преку интернет, според однапред подготвен распоред. Ова би било достапно за секое одделение или група, без оглед на методот на настава.

Ниво на ризик 3 - висок ризик-учење на далечина

Училиштето ќе премине на учење на далечина кога Владата ќе наложи затворање на училиштата или ако постои ширење на Ковид-19 меѓу училишната заедница. Потоа, училиштето ќе продолжи да работи според модел сличен на оној кој се применуваше во текот на тримесечното затворање на кампусот. Учениците ќе имаат пристап како до синхроно, така и до асинхроно учење.

Директорот Новаковски појаснува дека Планот за повторно отворање на училиштето „Нова“ е динамичен документ кој може да претрпи промени во периодот кој претстои се со цел да одговори соодветно на тековната состојба со глобалната пандемија и Covid-19 вирусот.

-Тој постојано и навремено ќе се ревидира и прилагодува зависно од потребите и состојбата во нашето општество. Овој документ ги опишува начините на учење во текот на првите месеци од оваа учебна година специфично за нашето училиште. Во креирање на овој документ, и другите протоколи за нашата институција, но и во носењето на одлуките на тимот за управување со кризи на Нова соработуваме со македонските инситуции (пред се здравствените и образовните институции), локалната власт и со меѓународните училишта во рамките на регионот на Централна и Југоисточна Европа (CEESA). Важно е да  потенцираме  дека сите овие протоколи и политики кои го одредуваат однесувањето за време на пандемијата имаат за цел да го намалат, но не можат целосно да го елиминираат ризикот. Ниту една активност или група на активности нема целосно да го отстранат ризикот од пренесување на коронавирусот, но спроведувањето на низа координирани активности може во голема мера да го намали тој ризик. Затоа, наша одговорност е да сториме сè што е во наша моќ да обезбедиме безбедна околина и вистинска грижа за нашата училишна заедница, вклучително и за возрасните кои се поврзани директно или индиректно со нашата заедница и кои се  изложени на вирусот, вели Новаковски.

Во нашиот разговор, директорот Новаковски наведува дека паралелно со овој процес значително инвестирале и во физичките модификации на кампусот за да бидат подготвени за повторно отворање на училиштето.

-Тие вклучуваат меѓу останатото: физичка контрола на пристап со турникети и систем на идентификациони картички, безконтактни хигиенски диспанзери на секој влез/излез, аеродромски пристап до сите влезови на кампусот вклучително и мерење на температура со термални камери, лична здраствена книшка за секој ученик која се пополнува на дневна основа и е проверна при влез од една од трите медицински сестри, три нови покриени површини на отворено, ново детско катче за подобра поделба на децата за време на одмор, плексиглас прегради по училниците, кафетериите, и сите други јавни површини, нови надворешни чешми, УВ лампи за дезинфекција на простори, прочистувачи на воздух со ХЕПА филтер за секоја училишна просторија која ги филтрира и најмалите честички од еден микрон, сигнализација низ целиот кампус за правци на движење, држење на дистанца и органичен капацитет, нова медицинска канцеларија, како и простор за изолација на болни од коронавирусот. Училиштето склучи и партнерски договор со лабараторијата Авицена со која ќе ги тестира сите своите вработени со real time RT-PCR тестoви по принцип на здружување на примероци, на одредени временски интервали, а овие тестинг услуги ќе бидат достапни и на остатокот на нашата заедница. Независно од сите преземани чекори, ако не се однесуваме одговорно и не ги следиме правилата, во и надвор од училиштето, ниеден протокол, мерка и физичка модификација нема да ни ја обезбеди потребната сигурност, и единствено ќе биде прашање на време кога ќе треба од настава на кампус, ако донесеме таква одлука, да преминеме на учење од далечина, потенцира Новаковски.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо