Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат „Илинденска“ на потегот од Влада до МИ-ДА
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022
Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.
Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците.
- Утрешниот ден ќе покаже дали ќе има некаков исход или блокадата ќе продолжи и во текот на викендот и почетокот на следната недела, рече Јовановски.
Доколку и во меѓувреме нема резултати ќе бидат блокирани крстосниците кај ТВ Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.
Фото: Принскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ДАЛИ ТУПАНЧЕВСКИ Е ПРВА „ЖРТВА“ НА СЕ ПОИЗВЕСНИОТ ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ВО ВЛАДА - неофицијално, СДСМ го дале ресорот правда на Алијанса

ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ ВО СРБИЈА - паразит кој метастазира во телото и личи на канцерогено тело, еве за каква болест станува збор

ТРИ ПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ - Владата се огласи за средбата Ковачевски - Таравари, работните состаноци продолжуваат

ТАСЕВА: РЕЗУЛТАТОТ Е ЗАГРИЖУВАЧКИ, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЗМОТ ВО СКОПЈЕ: Лубомир Ќучуков очекува засилување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија
Спасовски до Пандов: Постои полиција за чување на гробот на Гоце Делчев

ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ: Еве со кои високи функционери денес има средби

Донација на Ракометната федерација за „СОС Детско село“

Ќучуков: Тоа што во Скопје грешат за историјата не значи дека ние во Софија се однесуваме паметно
