ПРИШТИНА ЈА ОСЛОБОДИ РУСКАТА НОВИНАРКА, претходно се закануваа дека ќе ја предадат на Украина
Објавено во: Балкан 07 Август, 2022
Новинарката на „Комсомољска правда“ Дарија Асламова ја контактираше редакцијата во Москва и соопшти дека е во Рашка.
Надлежните на привремените институции во Приштина во текот на ноќта ја ослободиле од полицијата, по што со автобус го напуштила Косово и Метохија, објави „Новости“.
Дарија Асламова објави дека додека била во полиција во јужната српска покраина, и било кажано дека може да биде заменета за Американците или предадена на Украина.
Претходно, т.н Министерот за внатрешни работи на приштинските власти, Жељаљ Свечља, соопшти дека руската новинарка Дарија Асламова е приведена во Косово и Метохија.
Фото: Принскрин/Фејсбук