29 Март, 2024
0.0282

Принцот од Саудиска Арабија го хакирал телефонот на Џеф Безос

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Саудискиот принц го хакирал мобилниот телефон на најбогатиот човек на светот. 

Престолонаследникот принцот Мухамед бин Салман го „хакирал" мобилниот телефон на официјално најбогатиот човек на светот и сопственик на Амазон, Џеф Безос, пишува британски Гардијан.

Гардијан пишува дека мобилниот телефон на Безос е хакиран со енкриптирана порака на Ватсап, која е испратена од личниот број на принцот. 

Пораката содржела злонамерен софтвер (малвер) кој се инфилтрирал во мобилниот телефон на Безос. 

Според оваа експертска анализа, „многу е веројатно“ дека мобилниот телефон е хакиран со помош на инфицирано видео испратено до Безос од бројот на саудискиот принц.

Безос примил злонамерна порака среде пријателска размена на пораки со принцот, изјавил извор за Гардијан. Само неколку недели порано, Безос и Бин Салман биле на вечера во Холивуд со холивудскиот продуцент Брајан Грејзер, во рамки на дипломатско-економската турнеја на принцот во САД, каде се сретнал со сите, од претседателот Доналд Трамп до Безос, Марк Цукерберг и Опра Винфри.

Од мобилниот на Безос е извлечена голема количина на податоци, но не се знае точно какви. Сето тоа се случило на 1 мај 2018 година.

Саудиска Арабија и претходно веќе негирала дека го хакирала мобилниот телефон на американскиот милијардер, од кој се протечени пораки и фотографии што Безос ги разменувал со љубовницата Лорен Санчез, поради кои конечно се развел од сопругата Мекензи, што американските медиуми го опишаа како еден од најскапите разводи во историјата. 

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?