19 Април, 2024
0.0277

ПРИЈАВИ ТРГОВЕЦ ШТО КАЧИЛ ЦЕНИ ИЛИ КАФЕАНА ШТО РАБОТИ НА - 191 - казни и затвор и 5.000 евра

Објавено во: Економија 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши нјави дека од понеделник ќе функционира за граѓаните бесплатната телефонска линија 191, на која сите граѓани што ќе забележат дека некои трговци ги зголемиле цените на оние производи кои Владата ги замрзна, или ќе забележат дека некои ресторани или кафетерии работат, од понеделник да се јават на овој број.

Бектеши рече дека таму каде што тоа ќе се утврди, цените че се вратат на нивото од 11 март.

Министерот предупреди дека сите трговци, аптеки и ресторани што нема да ги почитуваат овие мерки, ќе платат казна од 5.000 евра, а согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик им се заканува и казна затвор до една година.

Тој апелираше сите граѓани и бизнисмени да бидат разбрани, солидарни и одговорни, а да не мислат само на профит. До граѓаните апелираше и да го пријават секое непочитување на владините одлуки. 

Како што е познато, пред неколку дена , Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи, како леб, сол, зејтин, млеко, јајца, брашно, тестенини, лекови и дезинфекциски средства, а наложи и да се затворат сите ресторани и кафетерии.

Бектеши рече дека Пзараниот инспекторат е на терен и контролира и по 18 часа на ден, и во маркетите, и во аптеките. Затоа и се воведува оваа бесплатна линија, за да им се помогне на пазарните инспектори.

Бектеши рече дека Владата е свесна за паниката на граѓаните да купуваат масовно и нерационално, но храна во земјава има доволно. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите