ПРИЈАТЕЛИТЕ - НЕПРИЈАТЕЛИ: Еди Рама го тужи косовскиот премиер Харадинај
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2020
Премиерот на Албанија Еди Рама поднесе во основниот суд во Приштина тужба за клевета против косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај за наводна размена на територија. Доцна синоќа Харадинај врати и рече дека Рама бега од одговорност.
Албанските медиуми пренесоа вечерта дека тужбата е напишана на над 30 страници и дека во неа се наведува дека Харадинај во неколку ТВ емисии во октомври минатата година го „обвинил Рама дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ покренал идеја за размена на територија меѓу Косово и Србија“.
„Тужбата на премиерот Рама е целосно неосновна и негова политичка диверзија како да се сокрие и со медиумска драма да избегне одговорност. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат браник во секој случај - напиша Харадинај на Фејсбук синоќа.